ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/14 стр. 14-15
  • Кога си разочаран од бракот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога си разочаран од бракот
  • Разбудете се! 2014
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • Кога едно пријателство ќе отиде предалеку
    Разбудете се! 2013
  • Како да простиш
    Разбудете се! 2013
  • „Бракот нека биде чесен“
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Вашиот брак може да се спаси!
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 2014
g 3/14 стр. 14-15
Жена разочарана од својот брак

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | БРАК

Кога си разочаран од бракот

ПРЕДИЗВИК

Сопружници врзани со пранги еден за друг

Едно време ти се чинеше дека ти и твојот брачен другар си одговарате во сѐ — ама така ти се чинеше пред да се земете. Сега си разочаран од реалноста и имаш чувство дека за сопружникот си врзан со пранги, а не со љубов.

Сепак, ти можеш да направиш нешто за твојот брак. Меѓутоа, најпрво да видиме зошто можеби си разочаран.

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ТОА

Соочување со реалноста. Секојдневните обврски, работата, воспитувањето на децата и односот со роднините на сопружникот можат малку по малку да ја нагризаат среќата во бракот. Освен тоа, се појавуваат и неочекувани проблеми — финансиски проблеми, грижа за болен член на семејството и слично — кои можат да го стават бракот под притисок.

Разликите изгледаат непремостливи. Кога двајца се во врска, склони се да замижат пред меѓусебните разлики. Но, кога ќе се земат, полека откриваат дека се прилично различни во многу погледи, на пример, во начинот на комуницирање, во ставот кон финансиите и во врска со тоа како да се решаваат проблемите. Разликите преку кои едно време можеле лесно да преминат, сега ги вадат од кожа.

Емоционално оддалечување. Со текот на времето, можеби меѓу вас се натрупале еден куп груби зборови и неразрешени несогласувања, поради што може да се повлечете во себе или, уште полошо, емоционално да се приврзете кон некој друг.

Нереални очекувања. Некои луѓе влегуваат во брак уверени дека го нашле својот совршен партнер. Ова можеби звучи романтично, ама не е реално. Штом ќе се појават проблемите, сликата за совршен партнер одеднаш се разбива, а двајцата сопружници остануваат со мислата дека направиле погрешен избор.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Концентрирај се на убавите особини на твојот сопружник. Пробај го следново: напиши три убави особини што ги има твојот сопружник. Списокот чувај го при рака, можеби на задната страна од некоја слика од вашата свадба или во мобилниот телефон. Препрочитувај си го често за да се потсетиш зошто стапи во брак со твојот сопружник. Кога се концентрираш на неговите убави особини, во вашиот брак ќе има мир и полесно ќе ги поднесуваш разликите што ги имате. (Библиско начело: Римјаните 14:19.)

Одвојте време само за вас двајцата. Пред да се земете, веројатно и двајцата сте одвојувале време за да правите нешто заедно. Кога ја почнавте врската, сѐ беше ново и возбудливо, ама не ги остававте работите на случајноста, туку планиравте каде ќе одите, што ќе правите и сл. Зошто да не си правите вакви планови и сега? Испланирајте си заеднички мигови, исто како и кога бевте во врска. Тоа може да ви помогне уште повеќе да се зближите и подобро да се справите со неочекуваните проблеми што ги носи животот. (Библиско начело: Изреки 5:18.)

Отворено зборувајте за своите чувства. Ако сопружникот те повредил со некој збор или постапка, размисли дали би можел едноставно да преминеш преку тоа. Ако не можеш, немој да го казнуваш со молчење. Смирено разговарај со него што е можно побрзо — ако е можно, уште истиот ден. (Библиско начело: Ефешаните 4:26.)

Ако сопружникот те повредил со некој збор или постапка, размисли дали би можел едноставно да преминеш преку тоа

Имај на ум дека грешките не се секогаш намерни. Веројатно никој од вас не би сакал намерно да го повреди другиот. Покажи му го тоа на твојот сопружник така што искрено ќе му се извиниш за сѐ со што можеби си го повредил. Потоа разговарајте што конкретно би можел да направи секој од вас за да не дојдете во ситуација ненамерно да се повредите. Држи се за овој библиски совет: „Бидете милостиви еден спрема друг, имајте сомилост, спремно простувајќи си еден на друг“ (Ефешаните 4:32).

Имај реални очекувања. Библијата отворено кажува дека оние што стапуваат во брак „имаат телесни неволји“ (1. Коринќаните 7:28). Кога ќе се соочиш со такви неволји, немој веднаш да си помислиш дека твојот брак е чисто промашување. Наместо тоа, решавајте ги несогласувањата и „поднесувајте се еден со друг и спремно простувајте си еден на друг“ (Колошаните 3:13).

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Да се стремиме кон она што придонесува за мир“ (Римјаните 14:19).

  • „Радувај се со жената на својата младост“ (Изреки 5:18).

  • „Сонцето да не зајде, а вие сѐ уште да чувствувате лутина“ (Ефешаните 4:26).

ТВОЕТО „ДА“ НЕКА БИДЕ „ДА“

Се сеќаваш ли кога пред сите твои блиски на денот на твојата венчавка го изрече судбоносното „да“? Со тоа „да“ ти вети дека ќе ги исполнуваш обврските што ги носи бракот. Би било добро да се потсетиш на тие обврски и да размислиш: ‚Живеам ли во склад со она што го ветив?‘ Немој да размислуваш дали твојот сопружник го прави тоа. Размислувај дали ти го правиш она што ти го вети. Ако секој од вас се труди да живее во склад со своето ветување, и двајцата ќе бидете позадоволни.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели