ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/14 стр. 14-15
  • Како да трошите разумно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да трошите разумно
  • Разбудете се! 2014
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • Како да се води сметка за парите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Како да се контролирам кога трошам?
    Разбудете се! 2006
  • Како паметно да ги трошам парите?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Како да внимавам колку трошам?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 2014
g 6/14 стр. 14-15
Млад брачен пар во шопинг

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | БРАК

Како да трошите разумно

ПРЕДИЗВИК

Банковните извештаи и сметките покажуваат дека парите некако ви се лизгаат од рака. Во брак сте само кратко, а веќе се мачите да врзете крај со крај. Кој е крив? Немојте веднаш да се напаѓате еден со друг. Не заборавајте дека сте тим и размислете поради кои фактори сте се нашле во таква состојба.a

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ТОА

Период на привикнување. Ако пред да стапиш во брак си живеел со твоите, можеби не си навикнат да плаќаш сметки и да делиш трошоци. Освен тоа, можеби ти и брачниот другар имате различен став кон парите. На пример, едниот повеќе сака да троши, а другиот да штеди. На брачните другари им треба време за да се привикнат на новата ситуација и да изнајдат начин на кој ќе си ги организираат парите.

Плевел расте околу нозете на брачен пар

Ако ги игнорираме, долговите ќе станат како плевел во градина — само ќе растат и растат

Одолговлекување. Џим, кој сега е успешен бизнисмен, признава дека, кога се оженил, скапо го чинело тоа што не знаел да води сметка за парите. Тој вели: „Бидејќи не ги плаќав сметките навреме, моравме да платиме илјадници долари за камата. Останавме без пари!“

Безготовинско плаќање. Лесно е да потрошиш повеќе отколку што имаш кога не гледаш како ти ги снемува парите. Тоа обично се случува кога плаќаш со кредитна или дебитна картичка, кога купуваш преку Интернет и кога користиш електронски банкарски услуги. Освен тоа, и понудите за лесен кредит може да ги намамат младите брачни парови да претераат со трошењето.

Како и да е, парите може да бидат причина за многу главоболки во бракот. Во книгата Fighting for Your Marriage се вели: „Повеќето двојки ги наведуваат парите како главен проблем, сеедно колку имаат. Парите се најчестата причина за кавги“.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Соработувајте. Наместо да се обвинувате еден со друг, заеднички трудете се да трошите разумно. Договорете се никогаш да не дозволите да си ги расипете односите поради пари. (Библиско начело: Ефешаните 4:23.)

Направете си семеен буџет. Еден месец запишувајте ги сите трошоци што ќе ги направите, па дури и најмалите. Тоа ќе ви помогне да видите каде ви одат парите и кои ви се непотребни трошоци.

Направете список со неопходните трошоци, како што се трошоците за храна, облека, кирија или хипотека, трошоци за колата и слично. До секоја категорија напишете сума што сметате дека ќе ви треба за одреден период, на пример, за еден месец. (Библиско начело: Лука 14:28.)

„Кој зема на заем, слуга му е на оној што му го дава заемот“ (Изреки 22:7)

Секој месец одвојте си средства за одделни трошоци (храна, кирија, гориво итн.). Некои за ова си имаат одделни пликови, по еден за секоја категорија.b Ако им се намалат парите од некој плик, или престануваат да трошат од него или го дополнуваат со пари од друг плик.

Размислете за вашиот став кон материјалните работи. Среќата не зависи од тоа дали ќе го имаш најновото и најмодерното. Исус рекол: „Дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“ (Лука 12:15). Твоите навики на трошење покажуваат дали веруваш во овие зборови. (Библиско начело: 1. Тимотеј 6:8.)

Сменете нешто. Арон, кој е во брак две години, вели: „Во почетокот може да ти се чини дека можеш да си дозволиш да имаш кабелска или да јадеш во ресторани, ама долгорочно гледано, тоа може да те оптовари финансиски. Моравме да научиме да живееме со она што можеме да си го дозволиме“.

a Иако оваа статија е наменета за нововенчаните, начелата важат за сите брачни парови.

b Ако плаќаш електронски или со кредитна картичка, запишувај си ги трошоците и ливчето стави го во соодветниот плик.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Бидете милостиви еден спрема друг, имајте сомилост, спремно простувајќи си еден на друг“ (Ефешаните 4:32).

  • „Кој од вас, кога сака да гради кула, најнапред не седнува и не го пресметува трошокот?“ (Лука 14:28).

  • „Ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни“ (1. Тимотеј 6:8).

Мајк и Меган

МАЈК И МЕГАН

„Дури и ако едниот брачен другар се грижи за финансиите и сметките, и двајцата треба да знаат сѐ за нивната финансиска состојба. Комуникацијата многу помага да не дојде до проблеми.“

Дејвид и Наталин

ДЕЈВИД И НАТАЛИН

„Планирајте однапред. Немојте да мислите дека треба да ги потрошите сите пари што ви се во банка. Ако не заштедите нешто, никогаш нема да имате пари за непредвидени случаи, на пример, за поправка на колата.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели