ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/14 стр. 14-15
  • Религија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Религија
  • Разбудете се! 2014
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто има толку многу религии?
  • Мораме ли да припаѓаме на некоја религија?
  • Може ли да се препознае вистинската религија?
  • Како да ја препознаеме вистинската религија?
    Одговор на библиски прашања
  • Што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Религија што ја одобрува Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Дали мора да припаѓаме на некоја религија?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Разбудете се! 2014
g 7/14 стр. 14-15
Слика на човек пред разни верски објекти

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Религија

Зошто има толку многу религии?

„Ја оставате Божјата заповед, а се држите за човечките преданија“ (Марко 7:8)

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Луѓето имаат вродени „духовни потреби“ кои можат да ги задоволат ако му служат на Бог (Матеј 5:3). За таа цел, луѓето основале многу религии кои се темелат на човечки учења, а не на Божјите.

На пример, во врска со членовите на една верска група од првиот век, во Библијата читаме: „Ревносно се трудат да му угодат на Бог, но не знаат точно што е неговата волја. Зашто, поради тоа што не ја познаваат Божјата праведност, туку настојуваат да ја воспостават својата, не се подложија на Божјата праведност“ (Римјаните 10:2, 3). Тоа е случај и со голем број религии денес — „учењата за кои поучуваат се човечки заповеди“ (Марко 7:7).

Мораме ли да припаѓаме на некоја религија?

„Да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме кон љубов и кон добри дела, и да не ги пропуштаме нашите состаноци“ (Евреите 10:24, 25)

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Во Евреите 10:25 се користи изразот „да не ги пропуштаме нашите состаноци“. Овие зборови покажуваат дека Бог сака луѓето да го обожаваат организирано. Но, дали секој верник може да си има своја идеја за Бог и за тоа што бара тој од нас? Не. Библијата вели дека оние што му служат на Бог на начин што тој го одобрува треба ‚да зборуваат едно и да бидат потполно обединети со ист ум и со ист начин на размислување‘ (1. Коринќаните 1:10). Тие треба да се организирани во собранија и ‚да ги сакаат сите браќа‘ по целиот свет (1. Петрово 2:17; 1. Коринќаните 11:16). Значи, Бог прифаќа само кога му служиме обединето и организирано.

Може ли да се препознае вистинската религија?

„По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35)

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

Библијата кажува по што ќе се препознаат оние што припаѓаат на вистинската религија: „По нивните плодови ќе ги препознаете. Зарем се бере грозје од трње или смокви од чичка?“ (Матеј 7:16). Не мора да си ботаничар за да разликуваш смоква од чичка. Слично на тоа, не мора да си експерт за религија за да ја разликуваш вистинската од лажната. Кои се некои плодови по кои можеме да ја препознаеме вистинската религија?

  • Вистинската религија се држи за вистината од Божјата Реч, Библијата (Јован 4:24; 17:17). Таа не се темели на човечки учења.

  • Вистинската религија им помага на луѓето да го запознаат Бог, меѓу другото, да го дознаат и неговото име, Јехова (Јован 17:3, 6).

  • Вистинската религија ја полага својата надеж за подобра иднина во Божјето Царство, а не во човечките влади (Матеј 10:7; 24:14).

  • Вистинската религија поттикнува на несебична љубов (Јован 13:35). Таа ги поучува луѓето да ги почитуваат сите етнички групи, да ги користат своето време и средства за да им помагаат на другите и да не учествуваат во војни (Михеј 4:1-4).

  • Вистинската религија е начин на живот, а не само формалност или следење обичаи. Нејзините членови живеат според она за што поучуваат (Римјаните 2:21; 1. Јованово 3:18).

Јеховините сведоци, кои го издаваат ова списание, се трудат да му оддаваат чест на Бог со својот говор и со своето однесување. За да видиш дали е тоа така, срдечно те покануваме да дојдеш на некој наш состанок.

За да дознаеш кога има состаноци и каде е најблиската Сала на Царството, посети ја нашата интернет-страница, www.jw.org/mk и оди на ЗА НАС > СОСТАНОЦИ.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели