ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/15 стр. 10-11
  • Како да го преболиш раскинувањето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да го преболиш раскинувањето
  • Разбудете се! 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • Како да го преболам раскинувањето?
    Младите прашуваат
  • Како да го преболам раскинувањето?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Како да го преболам раскинувањето?
    Разбудете се! 2009
  • Дали тој е за мене?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 7/15 стр. 10-11
Дечко размислува за девојката со која раскинал

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | МЛАДИ

Како да го преболиш раскинувањето

ПРЕДИЗВИК

„Си мислев дека тој е вистинскиот за мене и дека со него ќе бидам засекогаш. Но, по само два месеци, морав да му раскинам. Не ми се веруваше дека нашата врска која имаше многу убав почеток траеше толку кратко“ (Ана).a

„Изгледаше како да сме создадени еден за друг. Бев убедена дека ќе се земеме. Но, како што минуваше времето, почнав да сфаќам колку всушност сме различни. Кога видов дека не си одговараме, му раскинав“ (Елејн).

Дали и ти си доживеал нешто слично? Ако да, оваа статија може да ти помогне.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ

Раскинувањето може да биде болно дури и за оној што ѝ ставил крај на врската. „Се чувствував ужасно“, вели Сара (20) која раскинала со својот дечко по шест месеци врска. „Во еден момент тој беше дел од мојот живот и од мојата иднина, а веќе во следниот момент го немаше. Кога ќе чуев некоја песна која двајцата ја сакавме, се потсетував на убавите мигови што ги поминавме. Кога ќе одев на некое место каде што често одевме заедно, чувстував голема празнина. Иако јас бев таа што ја прекина врската, срцето ми се кинеше од болка.“

Иако е болно, раскинувањето може да биде за доброто на двајцата. Елејн вели: „Од една страна не сакаш да го повредиш другиот. А од друга страна, свесен си дека и двајцата ќе бидете повредени ако останете во врска и покрај тоа што не си одговарате“. И Сара вели нешто слично. „Ако со некого не си среќен кога си во врска, веројатно нема да бидеш среќен ни кога ќе стапиш во брак со него. Затоа, раскинувањето може да биде за доброто на двајцата.“

Раскинувањето не значи дека ти си лоша личност. Една успешна врска не завршува секогаш со брак, туку со одлука. Ако ти или оној со кого си во врска имате сериозни сомнежи, најдобрата одлука може да биде да раскинете. Тоа што врската била прекината не значи дека ти си лоша личност. Ако раскинеш со некого, не е крај на светот. Можеш да продолжиш понатаму. Како?

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Соочи се со болката. Елејн, која беше спомната на почетокот, вели: „Не изгубив само пријател. Го изгубив најдобриот пријател“. Ако раскинеш со некој што ти бил многу близок, нормално е некое време да ти биде тешко. Адам (21) вели: „Кога една врска ќе заврши, нормално е да чувствуваш болка дури и ако знаеш дека тоа е најдобрата одлука“. Можеби се чувствуваш слично како цар Давид кој е спомнат во Библијата. Кога минувал низ тежок период од животот, тој напишал: „Цела ноќ... со солзи ја натопувам постелата“ (Псалм 6:6). Најдобриот начин да се справиш со болката е да се соочиш со неа, а не да ја избегнуваш. Тоа е првиот чекор кој ќе ти помогне повторно да застанеш на нозе. (Библиско начело: Проповедник 3:1, 4.)

Дружи се со оние што те сакаат. Точно е дека по раскинувањето можеби нема да сакаш да бидеш со луѓе. Ана, која беше спомната претходно, вели: „На почетокот, сакав да бидам сама. Ми требаше време да се соземам и добро да размислам за тоа што се случи“. Но, со текот на времето, Ана сфатила колку многу ѝ помага тоа што се дружи со пријатели кои ја охрабруваат. Таа кажува: „Сега имам појасна слика за работите, и не гледам на раскинувањето толку трагично како порано“. (Библиско начело: Изреки 17:17.)

Извлечи поука. Прашај се: ‚Дали ова искуство ми покажа на кои подрачја треба да созреам? Дали има нешто што би можел да направам поинаку кога повторно ќе бидам во врска?‘ Марсија (22) вели: „Откако помина некое време, можев подобро да ја согледам ситуацијата. Тогаш можев да ги тргнам чувствата настрана и да размислувам објективно“. И Адам кажува нешто слично. „Ми требаше цела година да го преболам раскинувањето. Дури потоа сфатив што можам да научам од она што ми се случи. Научив многу за себеси, за спротивниот пол и за врските. Сега веќе не ми е толку тешко.“

Довери му ги своите грижи на Бог. Библијата вели дека Бог „ги лекува оние со скршено срце и им ги преврзува раните“ (Псалм 147:3). Иако Бог не одредува кој со кого треба да стапи во брак ниту, пак, е виновен кога една врска ќе се распадне, тој сака да ти биде добро. Кажи му во молитва како се чувствуваш. (Библиско начело: 1. Петрово 5:7.)

a Имињата во оваа статија се сменети.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Сѐ си има свое време... време за тагување“ (Проповедник 3:1, 4).

  • „Вистинскиот пријател... брат станува во неволја“ (Изреки 17:17).

  • „Сите свои грижи фрлете ги на [Бог], зашто тој се грижи за вас“ (1. Петрово 5:7).

„СКРШЕНОТО СРЦЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАЛЕЧИ“

„Кога дечко ми ми раскина, си мислев дека јас сум виновна за она што се случи. Бев збунета, осамена и се чувствував безвредно. Една од најболните работи е некој да ти го скрши срцето. Но, ситуацијата не е безнадежна. Бог не нѐ создал само со способност да покажуваме љубов туку и со способност да ги залечиме раните кога некој ќе нѐ повреди. Исто како што е потребно време за да се заљубиш во некого, така е потребно и време за да го преболиш кога ќе раскинете. Скршеното срце може да се залечи“ (Марсија).

За повеќе информации, види го 31. поглавје од книгата „Младите прашуваат — делотворни одговори“, том 1. Кликни на ИЗДАНИЈА > КНИГИ И БРОШУРИ.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели