ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g17 Бр. 1 стр. 14-15
  • Покажувај ценење

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Покажувај ценење
  • Разбудете се! 2017
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ
  • ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ
  • Дали е возможно да постигнете помирување?
    Разбудете се! 1999
  • 3. Почит
    Разбудете се! 2018
  • Кога едно пријателство ќе отиде предалеку
    Разбудете се! 2013
  • Како да не дојде до „сив развод“?
    Совети за семејствата
Повеќе
Разбудете се! 2017
g17 Бр. 1 стр. 14-15
Еден сопруг ѝ носи букет цвеќе на сопругата

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | БРАК

Покажувај ценење

ПРЕДИЗВИК

За бракот да биде среќен, многу е важно мажот и жената да си покажуваат ценење. Но, многумина не ги ни забележуваат добрите особини кај својот сопружник, а камоли да покажат ценење за нив. Во книгата Емоционално неверство, еден брачен советник вели: „Многу брачни парови се концентрираат на она што фали во бракот, а не на она што е добро. Доаѓаат кај мене за да ми кажат што мора да се смени, а не што треба да остане исто. Нивната грешка е тоа што не покажуваат ценење, а така пропуштаат да си изразат љубов“.

Како да не паднете во оваа замка?

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ

Ако си покажувате благодарност, ќе се намалат проблемите. Обично бракот станува постабилен кога мажот и жената се трудат да си ги забележат убавите особини и да изразат ценење за нив. Ако се чувствуваат ценети, можат да надминат дури и големи несогласувања.

За жените. „Многу жени не се свесни дека мажите се под огромен притисок поради одговорноста да се грижат за семејството“, пишува во книгата Емоционално неверство. Во некои општества, мажот го чувствува овој притисок и покрај тоа што жената е во работен однос.

За мажите. Мажите често го потценуваат трудот што жената го вложува за своето семејство така што оди на работа и се грижи за децата и домаќинството. Фиона,a која е во брак скоро три години, вели: „Сите правиме грешки. Кога ќе се случи да згрешам, се чувствувам лошо. Но, кога мојот сопруг ќе ме пофали за нешто што сум го направила по дома, сфаќам дека тој сѐ уште ме сака и покрај моите недостатоци. Тоа ми покажува дека ја имам неговата поддршка и сум позадоволна со себеси“.

Но, ако еден од сопружниците чувствува дека не е ценет, тоа може да ја наруши стабилноста во бракот. Една жена по име Валери, вели: „Кога сопругот не ти покажува ценење, лесно може да те привлече некој што прави да се чувствуваш вредно“.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Внимателно набљудувај. Потруди се во текот на следната седмица да ги забележиш убавите особини кај твојот сопружник. Исто така, стави си за цел да забележиш работи што твојот сопружник ги прави за да може вашето домаќинство добро да функционира, а кои порано си ги земал здраво за готово. На крајот од седмицата направи си список на особини коишто ги цениш кај својот брачен другар и работи коишто ги направил за доброто на вашето семејство. (Библиско начело: Филипјаните 4:8.)

Зошто е важно внимателно да набљудуваш? Една сопруга по име Ерика вели: „По неколку години брак, забораваш да покажуваш благодарност. Повеќе не ги гледаш добрите работи што ги прави твојот сопружник и се концентрираш на тоа што не го прави“.

Прашај се: Дали го земам здраво за готово трудот на мојот сопружник? На пример, дали си мислиш дека нема потреба да му се заблагодаруваш на сопругот ако поправи нешто низ дома, затоа што и онака тоа му е должност? Дали си мислиш дека твојата сопруга не заслужува пофалба за нејзината грижа околу децата бидејќи тоа се очекува од неа? Труди се да забележиш сѐ што прави брачниот другар за семејството, сеедно дали е нешто големо или мало. И не заборавај да му се заблагодариш за тоа. (Библиско начело: Римјаните 12:10.)

Не штеди ги пофалбите. Библијата вели: „Бидете благодарни!“ (Колошаните 3:15). Мора да имаме на ум дека благодарноста не треба само да ја чувствуваме туку и да ја покажуваме. Нека ти стане навика да му се заблагодаруваш на твојот брачен другар. Еден сопруг по име Џејмс вели: „Кога жена ми ќе ми каже дека го цени она што го правам, тоа ме мотивира да бидам подобар сопруг и уште повеќе да вложувам во нашиот брак“. (Библиско начело: Колошаните 4:6.)

Кога брачните другари си покажуваат ценење, тоа го зајакнува нивниот брак. Еден сопруг по име Мајкл, вели: „Мислам дека многу бракови би можеле да бидат спасени ако брачниот партнер се концентрира на убавите особини кај другиот. Ако секогаш гледаат еден на друг како на нешто многу вредно, помала е веројатноста да дојде до развод кога ќе се појават проблеми“.

a Некои имиња се сменети.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Сѐ што е достојно за фалба, за тоа размислувајте“ (Филипјаните 4:8)

  • „Предводете во искажувањето почит еден кон друг“ (Римјаните 12:10)

  • „Вашиот збор секогаш нека биде пријатен“ (Колошаните 4:6)

ИТАН И ТИА

Тиа и Итан

„Животот си носи многу проблеми што ме исцрпуваат и физички и емоционално. Но Тиа постојано ми кажува колку го цени она што го правам како сопруг. Нејзините пофалби ми ги полнат батериите.“

„Зафатена сум со еден куп обврски, а имам и работа што емоционално ме истоштува. Но, кога Итан ќе ми каже дека цени сѐ што правам и го покажува тоа така што е спремен да ме ислуша кога му раскажувам како ми поминал денот, многу ми олеснува. Тоа ми потврдува дека ме сака.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели