ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g17 Бр. 4 стр. 10-11
  • Кога децата ќе се отселат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога децата ќе се отселат
  • Разбудете се! 2017
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ТОА
  • ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ
  • Како да не дојде до „сив развод“?
    Совети за семејствата
  • Родители — поучете ги своите деца да го сакаат Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • „Бракот нека биде чесен“
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Како да имаш среќен брак
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 2017
g17 Бр. 4 стр. 10-11
Мажот гледа телевизија во еден дел од собата, а жената плете во друг дел

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | БРАК

Кога децата ќе се отселат

ПРЕДИЗВИК

За многу брачни парови, најголемиот предизвик е кога децата ќе пораснат и ќе се отселат од дома. Во „празната куќа“ може да се чувствуваат како странци. „Советувам многу луѓе кои не знаат како одново да се зближат со својот брачен другар“, напишал Гери Њуман, стручњак за семејни односи. „Кога децата ќе си заминат од дома, [родителите] речиси и да немаат што да си кажат.“a

Дали нешто слично се случува и во твојот брак? Ако да, можеш да ја подобриш ситуацијата. Најпрво да видиме неколку работи што можеби придонеле да се оддалечиш од твојот брачен другар.

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ТОА

Со години на прво место биле децата. Иако имаат добри намери, многу родители го запоставуваат својот брак за да ги задоволат потребите на своите деца. Како резултат на тоа, толку многу се навикнуваат на улогата на родители што ја губат блискоста како сопруг и сопруга, а тоа станува особено очигледно кога децата ќе се отселат од дома. „Додека децата беа со нас, правевме барем некои работи заедно“, вели една сопруга која има 59 години. Но, во врска со периодот кога децата се отселиле, таа додава: „Имавме сосема различни приоритети во животот“. Еднаш дури му рекла на маж ѝ: „Си пречиме еден на друг“.

Некои парови не се спремни да се приспособат на новите околности. Во една книга пишува: „Многу парови се чувствуваат како штотуку да стапиле во брак“ (Empty Nesting). Бидејќи сметаат дека немаат речиси ништо заедничко, многу сопрузи и сопруги се повлекуваат секој во својот свет и живеат повеќе како цимери отколку како брачни другари.

Сепак, можеш да ги надминеш предизвиците, па дури и да уживаш во ова ново поглавје од животот. Библијата може да ти помогне во тоа. Да видиме како.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Прифати ја промената. Во врска со децата кои пораснале, Библијата вели: „Човек ќе ги остави татка си и мајка си“ (1. Мојсеева 2:24). Целта на родителите е да ги подготват децата за тој момент и да им помогнат да ги стекнат вештините кои ќе им бидат потребни во светот на возрасните. Ако гледате на работите од овој агол, тоа што вашите деца се осамостоиле треба да ве направи горди родители. (Библиско начело: Марко 10:7.)

Се разбира, ти секогаш ќе им бидеш родител на твоите деца. Меѓутоа, може да се каже дека повеќе немаш улога на „надзорник“, туку на „советник“. Тоа ќе ти помогне да останеш близок со децата додека во исто време поголемо внимание му посветуваш на твојот брачен другар.b (Библиско начело: Матеј 19:6.)

Не ги чувај грижите во себе. Зборувај со твојот брачен другар за тоа како се чувствуваш поради новата ситуација, и биди спремен да го сослушаш и него кога ќе зборува за своите чувства. Биди стрплив и покажи разбирање. Можеби ќе ви треба време за да си го зајакнете бракот, но вреди да се вложи труд. (Библиско начело: 1. Коринќаните 13:4.)

Правете нови работи заедно. Поставете си нови цели кои ќе можете заедно да ги остварите или разговарајте кои нови работи би можеле да ги правите како брачен пар. Додека низ годините сте ги воспитувале вашите деца, сте стекнале мудрост. Зошто да не ја користите за да им помагате на другите? (Библиско начело: Јов 12:12.)

Зајакнете ја брачната врска. Размислувај за особините на твојот брачен другар што ти се допаднале во почетокот. Потсетете се на некои заеднички моменти од минатото, како и на проблемите што сте ги надминале. Всушност, оваа промена во вашиот живот можеби и не е толку лоша. Со заеднички напори ќе можете да си го зајакнете бракот и да ја разгорите љубовта што сте ја имале на почетокот.

a Од книгата Emotional Infidelity.

b Ако вашите деца сѐ уште живеат со вас, не заборавај дека си „едно тело“ со твојот брачен другар (Марко 10:8). Децата се чувствуваат безбедно кога гледаат дека нивните родители имаат добар брак.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Човекот ќе ги остави татка си и мајка си“ (Марко 10:7)

  • „Бог што составил, човек да не разделува“ (Матеј 19:6)

  • „Љубовта е долготрпелива и љубезна“ (1. Коринќаните 13:4)

  • „Седите коси му донесуваат мудрост на човекот“ (Јов 12:12, Превод на д-р Д. Х. Константинов)

Салваторе и Аурора

САЛВАТОРЕ И АУРОРА

„Сфативме дека сега имаме повеќе време и дека треба да го користиме колку што може подобро. Затоа решивме да им помагаме на други луѓе — на семејства со деца, како и на млади брачни парови. Многу сакаме да им помагаме на другите и да ги споделуваме нашите искуства со нив.“

Карло и Катерина

КАРЛО И КАТЕРИНА

„Ни требаше време да го прифатиме фактот дека животот ни се смени. Со години зборувавме главно за нашите деца. Сега, кога правиме нешто заедно, постепено се навикнуваме да зборуваме за нас и за она што нас нѐ интересира.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели