ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g17 Бр. 6 стр. 8-9
  • Научи го детето на понизност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Научи го детето на понизност
  • Разбудете се! 2017
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ
  • ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ
  • Како да бидат понизни
    Разбудете се! 2019
  • Зошто да се облечеме во понизност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Биди вистински понизен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Како да бидат приспособливи
    Разбудете се! 2019
Повеќе
Разбудете се! 2017
g17 Бр. 6 стр. 8-9
Едно дете очекува мајка му да му слугува

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Научи го детето на понизност

ПРЕДИЗВИК

  • Син ти е претерано арогантен, а има само 10 години!

  • Очекува сите да го третираат како цар.

„Што е со детево?“, се прашуваш. „Сакам да има убаво мислење за себе, ама не да мисли дека е најважен!“

Можно ли е да го научиш детето на понизност без да му ја срушиш самодовербата?

Едно девојче седи како принцеза, а родителите му се клањаат

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ

Во последните неколку децении, родителите беа поттикнати да им ја исполнат секоја желба на децата, постојано да ги пофалуваат — дури и кога пофалбата не е заслужена — и да не ги караат и казнуваат. Се сметаше дека, ако детето расте со мислата дека е „посебно“, ќе стане личност со здрава самопочит. Но, што покажува искуството? Во една книга во врска со воспитувањето на децата пишува: „Поради тоа што се ставаше преголем нагласок на подигање на самопочитта, наместо децата да станат стабилни и среќни, сега има цела војска од мали нарциси“ (Generation Me).

Многу деца кои добивале претерани и незаслужени пофалби влегле во светот на возрасните потполно неподготвени да се соочат со разочарувања, критики и повремени неуспеси. Бидејќи научиле најважни да им бидат сопствените желби, потешко одржуваат стабилни врски со другите. Како резултат на тоа, многумина од нив страдаат од анксиозност и депресија.

Децата можат да стекнат здрава самопочит преку вистински постигнувања, а не така што постојано ќе им се кажува дека се најдобри. За да успеат во тоа, не е доволно само да веруваат во себе. Треба да учат нови вештини, да ги користат и постојано да ги подобруваат (Изреки 22:29). Исто така, треба да научат и да се грижат за потребите на другите луѓе (1. Коринќаните 10:24). За сето тоа е потребна понизност.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Пофалувај само кога има основа за тоа. Ако ќерка ти добила добра оценка на училиште, пофали ја. А ако добила послаба оценка, немој веднаш да го критикуваш наставникот. Тешко дека на тој начин ќе ја научиш на понизност. Наместо тоа, помогни ѝ да размисли што може да направи за следниот пат да биде подобро. Труди се да ја пофалиш кога ќе направи нешто добро.

Давај исправка кога има потреба. Ова не значи да го караш детето за секоја грешка (Колошаните 3:21). Сепак, за посериозните грешки треба да добие исправка. Истото важи и за погрешните ставови. Во спротивно, тие можат да се вкоренат длабоко во неговата личност.

На пример, замисли дека син ти има навика да се фали. Ако не преземеш ништо, би можел да стане арогантен и другите да го избегнуваат. Затоа, подобро е да му објасниш дека другите нема да имаат убаво мислење за него ако се фали и дека може да се посрами (Изреки 27:2). Исто така, можеш да му објасниш дека оној што има исправно гледиште за себеси нема потреба да истакнува што сѐ знае и умее. Кога од љубов му даваш исправки, му помагаш да стекне понизност без да му ја разнишаш самодовербата. (Библиско начело: Матеј 23:12.)

Подготви го за реалноста. Ако му ја исполнуваш секоја желба, детето може да мисли дека сѐ треба да биде по негово. Затоа, ако твоето дете сака да му купиш нешто што не можеш да си го дозволиш, објасни му зошто е важно да не се расфрламе со пари. Доколку требало да излезете некаде или да одите на одмор но си морал да го смениш планот, би можел да му објасниш дека разочарувањата се дел од животот, а и да му кажеш на кој начин ти се справуваш со нив. Наместо да го чуваш детето под стаклено ѕвоно, подготви го за предизвиците со кои ќе се соочи како возрасен. (Библиско начело: Изреки 29:21.)

Научи го на дарежливост. Помогни му на детето да сфати дека „повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35). Како? На пример, би можеле да запишете на кои луѓе им треба помош околу пазарување, превоз или поправки. Потоа, земи го детето со тебе и направете некоја од тие работи заедно. Нека види колку си радосен и исполнет кога им помагаш на другите. Така ќе го научиш на понизност на најдобриот можен начин — со твојот пример. (Библиско начело: Лука 6:38.)

За повеќе информации, оди на нашата интернет-страница jw.org/mk. Побарај го Разбудете се! од јануари 2013, со наслов „Обѕирни деца во себичен свет“.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Кој се возвишува, ќе биде понижен, а кој се понизува, ќе биде возвишен“ (Матеј 23:12).

  • „Ако некој го разгалува својот слуга од неговата младост, тој подоцна ќе стане неблагодарен“ (Изреки 29:21).

  • „Давајте, и ќе ви се даде“ (Лука 6:38).

„СМЕТАЈТЕ ГИ ДРУГИТЕ ЗА ПОГОЛЕМИ ОД СЕБЕ“

Библијата вели: „Не правете ништо од... суета, туку од понизност сметајте ги другите за поголеми од себе и не грижете се само за себе туку и за другите“ (Филипјаните 2:3, 4).

Едно дете кое е воспитувано според ова начело најверојатно ќе сфати дека секој човек е поголем, односно подобар во нешто од него. Всушност, понизноста ќе му помогне на детето да не стане како повеќето луѓе кои се преокупирани со себе.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели