ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g20 Бр. 2 стр. 6-7
  • 1. Дали Бог е виновен за нашите страдања?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1. Дали Бог е виновен за нашите страдања?
  • Разбудете се! 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто е важен одговорот
  • Размисли
  • Што вели Библијата
  • Содржина
    Разбудете се! 2020
  • Што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Трето прашање: Зошто Бог дозволува да страдам?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Зошто Бог ги допушта страдањата?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Разбудете се! 2020
g20 Бр. 2 стр. 6-7
Еден свештеник има Библија во раката додека држи погребен говор во црква.

1. Дали Бог е виновен за нашите страдања?

Зошто е важен одговорот

Многу луѓе не сакаат да имаат ништо со Бог бидејќи сметаат дека тој е виновен за страдањата.

Размисли

На директен или индиректен начин, многу верски водачи поучуваат дека Бог е виновен за нашето страдање. На пример, некои го велат следново:

  • Природните катастрофи се казна од Бог.

  • Децата умираат бидејќи на Бог му требаат повеќе ангели на небото.

  • Бог зазема страна во војните, кои се причина за страдањето на многу луѓе.

Но, можно ли е верските водачи да го прикажуваат Бог во погрешно светло? Што ако Бог не ги одобрува нив?

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Гледај го видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата? на jw.org.

Што вели Библијата

Бог не ги предизвикува нашите страдања.

Ако тој е виновен за страдањата, тоа би било во спротивност со неговите особини кои ги дознаваме од Библијата. На пример:

„Сите [Божји] патишта се правда... Праведен е и вистинољубив“ (5. МОЈСЕЕВА 32:4).

„Не е можно вистинскиот Бог да прави зло, Семоќниот да постапува неправедно!“ (ЈОВ 34:10).

„Семоќниот не ја извртува правдата“ (ЈОВ 34:12).

Бог не ги одобрува религиите кои шират лаги за него.

Во нив спаѓаат религиите кои поучуваат дека Бог ги предизвикува страдањата и религиите кои ги одобруваат војните и насилството.

„Тие пророци пророкуваат лага во мое [Божје] име. Ниту ги испратив, ниту им дадов некаква заповед, ниту им реков нешто. Тие ви пророкуваат од своето срце лажни виденија... и измами“ (ЕРЕМИЈА 14:14).

Исус го осудил лицемерството на верските водачи.

„Не секој што ми вели: ’Господару, Господару‘, ќе влезе во небесното царство, туку оној што ја врши волјата на мојот Татко, кој е на небесата. Мнозина ќе ми речат во оној ден: ’Господару, Господару, не пророкувавме ли во твое име, и не истерувавме ли демони во твое име, и не правевме ли многубројни моќни дела во твое име?‘ Тогаш ќе им речам: ’Никогаш не сум ве познавал! Бегајте од мене, вие што правите беззаконија!‘“ (МАТЕЈ 7:21-23).

Дали Бог е виновен за нашите страдања?

Замисли еден татко кој ги воспитува своите деца и добро се грижи за нив. По некое време, еден од неговите синови станува бунтовен, си заминува од дома и се оддава на разни пороци. Дали таткото е одговорен за она што го прави неговиот син? Дали синот има право да го обвинува својот татко за тоа што трпи лоши последици? На сличен начин, и ние немаме право да го обвинуваме Бог за нашето страдање.

Но, дали тоа значи дека ние луѓето сме виновни за нашите страдања?

Види го второто прашање.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели