4. Дали Бог имал намера луѓето да страдаат?
Зошто е важен одговорот
Одговорот на ова прашање влијае врз тоа како гледаме на животот.
Размисли
Дали е логично Бог, кој создал толку убави работи во светот, да имал намера луѓето да страдаат?
Затоа што во светот има многу страдања, оние кои не се религиозни тврдат дека луѓето не му се важни на Бог, а го доведуваат во прашање и неговото постоење. Според нив, страдањата се доказ дека 1) Бог нема моќ да ги спречи, 2) Бог не сака да им стави крај, или 3) Бог не постои.
Но, дали тоа се единствените причини зошто страдаме?
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Гледај го видеоклипот Дали Библијата е книга од Бог? на jw.org.
Што вели Библијата
Бог не нѐ создал да страдаме.
Тој сака да му се радуваме на животот.
„За [луѓето] нема ништо подобро отколку да се веселат и да прават добро во животот, и секој човек да јаде и да пие и да ужива во доброто од сиот свој труд. Тоа е дар Божји“ (ПРОПОВЕДНИК 3:12, 13).
Бог им овозможил на првите луѓе, Адам и Ева, да живеат во совршени услови.
Тој немал намера да страдаат ниту тие ниту нивните потомци.
„Бог ги благослови и им рече: ’Плодете се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја‘“ (1. МОЈСЕЕВА 1:28).
Првите маж и жена избрале да бидат независни од Бог.
Таа одлука им донела страдања ним, но и на сите нивни потомци.
„Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија“ (РИМЈАНИТЕ 5:12).a
Бог не нѐ создал да живееме без негово водство.
Исто како што не сме создадени да живееме под вода, не сме создадени ни да бидеме независни од Бог.
„Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (ЕРЕМИЈА 10:23).
Бог не сака да страдаме.
Затоа тој нѐ поучува како да ги избегнуваме проблемите.
„О, да внимаваше на моите заповеди! Твојот мир ќе беше како река“ (ИСАИЈА 48:18).
a Во Библијата, зборот „грев“ не укажува само на некоја лоша постапка туку укажува и на несовршеноста што ја наследиле сите луѓе.