ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g21 Бр. 3 стр. 3
  • Кој е во право?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е во право?
  • Разбудете се! 2021
  • Сличен материјал
  • Творецот може да го осмисли твојот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Зајакни си ја верата во Творецот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Нашиот Голем Творец се грижи за нас!
    Нашата служба за Царството 1999
  • Како настанал животот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Разбудете се! 2021
g21 Бр. 3 стр. 3
Една девојка размислува додека гледа во еден свештеник кој држи Библија и во еден научник кој држи модел на ДНК.

Кој е во право?

„Универзумот можел да се создаде и се создал самиот себеси од ништо“ (Стивен Хокинг и Леонард Млодинов, физичари, 2010).

„Бог ги создаде небото и земјата“ (Библијата, 1. Мојсеева 1:1).

Дали универзумот и животот во него биле создадени од Бог или настанале по пат на случајност? Зборовите на двајцата физичари кои се цитирани погоре и почетните зборови на Библијата ни даваат два сосема спротивни одговори на ова прашање. И за двете гледишта има силни поборници. Сепак, има и многу луѓе кои не знаат во што да веруваат. Во популарните книги и во јавните дебати се изнесуваат спротивставени мислења.

Твоите професори можеби уверливо тврдат дека не постои Творец и дека универзумот и животот во него настанале случајно. Но, дали тие ти изнеле докази дека не постои Творец? Од друга страна, можеби си чул како религиозни водачи поучуваат дека постои Творец. Но, дали тие ти изнеле докази за да го поткрепат своето тврдење? Или можеби ти велат да ја прифатиш нивната изјава како прашање на „вера“?

Веројатно и ти си размислувал за ова прашање и можеби сметаш дека никој не може со сигурност да каже дали постои Творец. А можеби се прашуваш и дали е навистина важно да го знаеш одговорот на ова прашање.

Во овој број на Разбудете се! најпрво ќе бидат разгледани некои докази кои увериле многумина дека постои Творец. А потоа ќе се зборува за тоа зошто е важно да го знаеме одговорот на прашањето во врска со потеклото на животот на Земјата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели