ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g21 Бр. 3 стр. 14-15
  • Зошто е важно да го знаеш одговорот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто е важно да го знаеш одговорот
  • Разбудете се! 2021
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ќе имаш поголема смисла во животот
  • Ќе најдеш добри совети за секојдневниот живот
  • Ќе најдеш одговор на твоите прашања
  • Ќе добиеш надеж за иднината
  • Дали постои Бог? Зошто е важно да го дознаеме одговорот?
    Разбудете се! 2015
  • Која е вистината за Бог?
    Што навистина учи Библијата?
  • Библијата дава надеж
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Библијата дава надеж
    Радувај му се на животот засекогаш — вовед во библиски курс
Повеќе
Разбудете се! 2021
g21 Бр. 3 стр. 14-15
Група пријатели им се воодушевуваат на животни кои се на едно дрво.

Зошто е важно да го знаеш одговорот

Зошто е важно да знаеш дали постои Творец? Ако на темел на докази си се уверил дека постои Семоќен Бог, тогаш можеби ќе сакаш да ги испиташ и доказите во врска со тоа дали Библијата е книга од него. И, ако стекнеш доверба во она што го кажува Библијата, тогаш тоа ќе ти користи на следниве начини.

Ќе имаш поголема смисла во животот

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „[Бог] правеше добро, ви даваше дожд од небото и плодоносни времиња и ги полнеше вашите срца со храна и веселост“ (Дела 14:17).

ШТО ЗНАЧИ ОВА: Сето она што го гледаме во природниот свет што нѐ опкружува е дар од нашиот Творец. Ќе бидеш уште поблагодарен за овие дарови кога ќе дознаеш колку многу се грижи за тебе оној што ти ги дал.

Ќе најдеш добри совети за секојдневниот живот

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „Ќе разбереш што значи праведност и исправно просудување и справедливост, сето она што е на патот на добротата“ (Изреки 2:9).

ШТО ЗНАЧИ ОВА: Како твој Творец, Бог знае што ти е потребно за да бидеш среќен. Ако ја истражуваш Библијата, ќе можеш да извлечеш поуки кои ќе ти користат во животот.

Ќе најдеш одговор на твоите прашања

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „Ќе го пронајдеш знаењето за Бог“ (Изреки 2:5).

ШТО ЗНАЧИ ОВА: Тоа што ќе откриеш дека постои Творец може да ти помогне да најдеш одговор на важни прашања, како што се: Која е смислата на животот? Зошто има толку многу страдања? Што се случува по смртта? Во Библијата може да најдеш логични одговори.

Ќе добиеш надеж за иднината

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „’Јас добро знам какви се моите намери со вас,‘ вели Јехова, ’намери за мир, а не за неволја, за да ви дадам иднина и надеж‘“ (Еремија 29:11).

Гледај ги видеоклиповите Дали Библијата е книга од Бог? и Кој е Автор на Библијата? на jw.org. Овие видеоклипови може да ги најдеш така што во полето за пребарување ќе внесеш „Библијата книга од Бог“ или „автор на Библијата“.

ШТО ЗНАЧИ ОВА: Бог ветува дека во иднина ќе ги отстрани злото, страдањата, па дури и смртта. Ако имаш доверба во Божјите ветувања, твојата надеж за една таква иднина ќе ти помогне храбро да се соочиш со секојдневните проблеми.

Како на некои им користи тоа што веруваат во Творец

Синди.

„Секогаш одново се воодушевувам кога гледам како Бог ни помага на толку многу полиња од животот. Ни помага да си поставиме исправни приоритети во животот, да знаеме како да ги решаваме несогласувањата со другите и да станеме негови пријатели“ (Синди, САД).

Елис.

„Тоа што верувам во Творец ме прави поисполнета и ми го збогатува животот. Никогаш не ми е досадно бидејќи има толку многу убави работи што можеме да ги откриваме за него, за неговото творештво и за неговата Реч“ (Елис, Франција).

Питер.

„Тоа што ги применувам поуките од нашиот Творец запишани во Библијата ме прави посреќен. Ми помага да не критикувам толку, да бидам повнимателен и позадоволен. Ми помага и да бидам подобар татко“ (Питер, Холандија).

Лиз.

„Претходно, сѐ во животот ми се сведуваше само на тоа да јадам, да спијам и да брзам за да стигнам на време на работа. Бев под огромен стрес. За мене, животот сега е прекрасен дар во кој треба да уживаме и кој треба да го цениме“ (Лиз, Естонија).

Адриан.

„Јас сум личност која претерано се грижи за сѐ. Но тоа што знам дека ќе им дојде крај на злобата, неправдите и на страдањата ми помага да се справам со загриженоста“ (Адриан, Франција).

Дознај каков одговор дава Библијата на некои животоважни прашања. Гледај го видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата? (подолга верзија).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели