Поради хаосот во светот, многу луѓе се сѐ позагрижени и несвесно се оддалечуваат од оние што ги сакаат.
Луѓето се изолираат од своите пријатели.
Брачните другари сѐ почесто се караат.
Родителите не обрнуваат речиси никакво внимание на она што ги загрижува нивните деца.
Што треба да знаеш
Пријателите се од клучно значење за нашето физичко и емоционално здравје, особено во тешки времиња.
Стресот што го носи хаосот во светот може да доведе до неочекувани проблеми во семејството.
Вознемирувачките вести може многу да ги уплашат децата.
Што можеш да преземеш уште сега
Во Библијата пишува: „Вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17).
Помисли на некој што те поддржува и што може да ти даде добри совети. Самото тоа што знаеш дека некој се грижи за тебе може да ти даде сила да се носиш со секојдневните предизвици.