ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g22 Бр. 1 стр. 13-15
  • 4 | Не губи надеж

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 4 | Не губи надеж
  • Разбудете се! 2022
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО Е ВАЖНО
  • Што треба да знаеш
  • Што можеш да преземеш уште сега
  • Во Библијата наоѓаме вистинска надеж
  • Библијата дава надеж
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Библијата дава надеж
    Радувај му се на животот засекогаш — вовед во библиски курс
  • Надеж дека 2024 ќе биде подобра — што вели Библијата?
    Разно
  • Кога повеќе не ти се живее
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2022
g22 Бр. 1 стр. 13-15
Отворена Библија покрај вазна со цвеќе.

СВЕТ ВО ХАОС

4 | Не губи надеж

ЗОШТО Е ВАЖНО

Загриженоста поради хаосот во светот може да се одрази врз физичкото и емоционалното здравје на луѓето. Мнозина што се погодени од настаните во светот не гледаат светло на крајот од тунелот. Како реагираат?

  • Некои дури воопшто не сакаат да размислуваат за иднината.

  • Други бараат спас во алкохолот и дрогата.

  • Има и такви кои сметаат дека смртта е решение. Тие си мислат: „Животот нема никаква смисла“.

Што треба да знаеш

  • Некои од проблемите што ги имаш може се само привремени и, неочекувано, работите може да се сменат на подобро.

  • Но дури и да не се сменат, можеш да направиш нешто за подобро да се носиш со ситуацијата.

  • Библијата ни дава вистинска надеж — трајно решение за проблемите на луѓето.

Што можеш да преземеш уште сега

Во Библијата пишува: „Не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи. На секој ден му е доволно неговото зло“ (Матеј 6:34).

Не се преокупирај со тоа што ќе биде или нема да биде. Ако премногу се секираш што би можело да се случи утре, не ќе можеш да си ги извршуваш секојдневните одговорности.

Со тоа што ќе размислуваш какви лоши работи би можело да ти се случат само ќе си го зголемиш стресот и ќе ја изгубиш надежта за подобра иднина.

КАКО ДА ОПСТАНЕМЕ — Корисни совети

КОНЦЕНТРИРАЈ СЕ НА ПОЗИТИВНОТО

Една жена на чие лице се чита надеж гледа низ позорецот.

Во Библијата пишува: „Сите денови на страдалникот се лоши, а кој има весело срце, на гозба е без престан“ (Изреки 15:15). Ако негативно гледаш на работите, нема да го видиш решението што можеби е пред тебе. Од друга страна, ако останеш позитивен, полесно ќе изнајдеш начини да се справиш со ситуацијата.

  • Немој премногу да гледаш вести.

  • На крајот од секој ден, размисли за две-три работи за кои си благодарен.

  • Направи си список за она што треба да го направиш во текот на денот. Ако треба да завршиш некоја поголема работа, подели ја на неколку помали етапи за на крајот од денот да се радуваш на сработеното.

ПОБАРАЈ ПОМОШ

Еден постар човек храбри еден помлад човек.

Во Библијата пишува: „Оној што се изолира... се спротивставува на секоја мудрост“ (Изреки 18:1). Од длабока дупка сам не можеш да излезеш, но ако некој ти подаде рака, ќе можеш.

  • Побарај помош од семејството и пријателите.

  • А барај и начини како би можел ти да им помогнеш ним. Кога правиш нешто за другите, пореално гледаш на своите проблеми.

  • Ако си изгубил секаква надеж и мислиш дека повеќе не вреди да живееш, побарај медицинска помош. Понекогаш, чувството на немоќ е знак за некое здравствено нарушување, како што е депресијата. На многу луѓе им помогнало тоа што добиле соодветно лекување.a

a Разбудете се! не се залага за некој конкретен начин на лекување.

Во Библијата наоѓаме вистинска надеж

Уште во древни времиња, еден псалмист во молитва му рекол на Бог: „Твојата реч е светилка на мојата нога и светлина за мојата патека“ (Псалм 119:105). Еве зошто може да се каже дека Библијата — Божјата Реч — е токму тоа.

Во мрачна ноќ, со една батериска ламба може да видиме каде треба да одиме. Слично на тоа, во Библијата има многу практични совети кои може да ни покажат по кој пат да одиме кога треба да донесеме некоја тешка одлука.

А ако нашата патека е осветлена со појака светлина, можеме да видиме и подалеку што има на патот пред нас. Слично, Библијата може да ни помогне јасно да видиме дека пред нас е светла иднина.

Библијата е света книга која не само што ни ја открива човечката историја туку и ни дава вистинска надеж за иднината. Во неа наоѓаме одговор на следниве прашања:

Како почнале страдањата?

Во Библијата пишува: „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија“ (Римјаните 5:12).

Зошто човечките влади не успеале да ги решат проблемите на луѓето?

Во Библијата пишува: „Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Еремија 10:23). Ситуацијата во светот го потврдува тоа.

Што ќе направи Бог за да ја реши ситуацијата?

Во Библијата пишува: „Тој [Бог] ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (Откровение 21:4).

Сцена од видеоклипот „Зошто да ја проучуваш Библијата?“ Една жена му раскажува на својот маж нешто што прочитала од Библијата.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ. Гледај го видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата? Побарај го овој видеоклип на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели