ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 9
  • Ное гради арка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ное гради арка
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Арката на Ное
    Поуки од Библијата
  • ,Одел со вистинскиот Бог‘
    Угледајте се на нивната вера
  • Тој ‚одел со вистинскиот Бог‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Секој може да учи од видеокасетата Ное — тој одел со Бог
    Нашата служба за Царството 2002
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 9

Приказна 9

Ное гради арка

НОЕ имал жена и три сина. Неговите синови се викале Сем, Хам и Јафет. И секој од нив си имал жена. Така, во семејството на Ное имало осум члена.

Бог му заповедал на Ное да направи нешто необично. Му рекол да изгради голема арка. Арката била голема како брод, но повеќе личела на голема, долгнавеста кутија. ‚Направи ја на три ката‘, му рекол Бог, ‚и на секој кат направи соби.‘ Собите биле за Ное и за неговото семејство, за животните и за храната што им била потребна на сите нив.

Бог, исто така, му рекол на Ное да ја направи арката на таков начин што нема да пропушта вода. Бог рекол: ‚Ќе пуштам вода, па ќе настане голем потоп и ќе го уништи целиот свет. Секој што не е во арката, ќе умре‘.

Ное и неговите синови го послушале Јехова и почнале да градат. Но другите луѓе само им се смееле. Тие си останале лоши. Никој не му верувал на Ное кога кажувал што ќе направи Бог.

Било потребно многу време за да се изгради арката бидејќи била толку голема. На крајот, по многу години, таа била завршена. Тогаш Бог му заповедал на Ное да ги донесе животните во арката. Му рекол да внесе по две животни од секој вид: едно машко и едно женско. Но од други видови животни Ное требало да внесе по седум. Бог, исто така, му рекол на Ное да земе од сите видови птици. Ное направил токму така како што му рекол Бог.

Потоа, во арката влегол и Ное со своето семејство. И тогаш, Бог ја затворил вратата. Сместени во арката, Ное и неговото семејство чекале. Замисли дека и ти си во арката со нив, и чекаш. Ќе има ли навистина потоп како што рекол Бог?

1. Мојсеева 6:9-22; 7:1-9.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели