ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 18
  • Јаков оди во Харан

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јаков оди во Харан
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Јаков ги ценел духовните вредности
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Маките на сестрите кои „го подигнаа домот на Израел“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Јаков има големо семејство
    Мојата книга со библиски приказни
  • Сериозен напор — кога е благословен од Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 18

Приказна 18

Јаков оди во Харан

ЗНАЕШ ЛИ кои се овие луѓе со кои разговара Јаков? Откако патувал многу денови, Јаков ги сретнал на еден бунар. Тие ги чувале своите овци. Јаков ги прашал: ‚Од каде сте?‘

‚Од Харан‘ — рекле тие.

‚Го познавате ли Лаван?‘ — ги прашал Јаков.

‚Да, го познаваме‘ — му одговориле тие. ‚Еве доаѓа ќерка му Рахела со овците!‘ Ја гледаш ли Рахела како се приближува?

Кога ја видел Рахела со овците на вујко си Лаван, Јаков пришол, го отркалал каменот од отворот на бунарот за да можат овците да пијат. Тогаш Јаков ја бакнал Рахела и ѝ кажал кој е тој. Таа била многу возбудена, па отишла дома и му кажала на својот татко Лаван.

Лаван бил многу среќен што Јаков можел да остане кај него на гости. А кога Јаков ја побарал Рахела за жена, Лаван се израдувал. Но, очекувал Јаков да работи за Рахела седум години на неговиот имот. И бидејќи толку многу ја сакал Рахела, Јаков го сторил тоа. Но кога дошло времето за свадба, дали знаеш што се случило?

Лаван му ја дал на Јаков постарата ќерка Лија, наместо да му ја даде Рахела. Кога Јаков се согласил да му работи на Лаван уште седум години, Лаван му ја дал за жена и Рахела. Во тоа време, Бог им дозволувал на мажите да имаат повеќе од една жена. Но денес, како што покажува Библијата, мажот треба да има само една жена.

1. Мојсеева 29:1-30.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели