ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 22
  • Јосиф е ставен в затвор

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јосиф е ставен в затвор
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Роб кој му бил послушен на Бог
    Поуки од Библијата
  • „Зарем не е Бог тој што ги толкува соништата?“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • „Како би можел да направам толку големо зло?“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Јехова ни дава успех во сѐ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 22

Приказна 22

Јосиф е ставен в затвор

ЈОСИФ имал само 17 години кога го одвеле во Египет. Таму му го продале на еден човек кој се викал Петефри. Петефри работел за царот на Египет, кого го викале фараон.

Јосиф напорно работел за својот господар Петефри. Затоа, кога Јосиф станал постар, Петефри му дал да управува со целата куќа. Тогаш, зошто Јосиф е во затвор? Поради жената на Петефри.

Јосиф бил многу убав млад маж, па жената на Петефри сакала тој да легне со неа. Но, Јосиф знаел дека тоа е погрешно, и ја одбил. Жената на Петефри многу се налутила. Затоа, кога нејзиниот маж си дошол дома, таа го излажала и му рекла: ‚Тој лош Јосиф сакаше да легне со мене!‘ Петефри ѝ поверувал на својата жена и многу се налутил на Јосиф. Затоа го фрлил в затвор.

Човекот што управувал со затворот набрзо видел дека Јосиф е добар човек. Затоа го поставил да ги надгледува сите други затвореници. Подоцна фараонот се налутил на својот пехарник и на својот пекар и ги ставил в затвор. Една ноќ, двајцата сониле по еден необичен сон, но не знаеле што значат тие соништа. Следниот ден Јосиф им рекол: ‚Кажете ми ги своите соништа‘. Кога му ги раскажале, Јосиф, со Божја помош, им го објаснил значењето на она што го сониле.

Јосиф му рекол на пехарникот: ‚По три дена ќе те пуштат од затворот, и ти пак ќе му бидеш пехарник на фараонот‘. Затоа Јосиф додал: ‚Кога ќе излезеш, кажи му на фараонот за мене, и помогни ми да излезам од ова место‘. А на пекарот, Јосиф му рекол: ‚По три дена фараонот ќе нареди да ти ја отсечат главата‘.

По три дена се случило токму тоа што го кажал Јосиф. Фараонот заповедал да му ја отсечат главата на пекарот, а пехарникот го пуштиле од затвор, и повторно почнал да му служи на царот. Но пехарникот потполно го заборавил Јосиф! Не му кажал на фараонот за него, и Јосиф морал да остане во затворот.

1. Мојсеева 39:1-23; 40:1-23.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели