ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 26
  • Јов му е верен на Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јов му е верен на Бог
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Кој бил Јов?
    Поуки од Библијата
  • Јов го возвишувал името на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Нема да отстапам од својата непорочност!“
    Угледајте се на нивната вера
  • Вмешан си во важно спорно прашање
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 26

Приказна 26

Јов му е верен на Бог

ДАЛИ ти е жал за овој болен човек? Тој се вика Јов, а оваа жена е неговата сопруга. Знаеш ли што му вели таа на Јов? ‚Проколни го Бог и умри!‘ Да видиме зошто таа воопшто му рекла такво нешто и зошто Јов страдал толку многу.

Јов бил верен човек кој му бил послушен на Јехова. Живеел во земјата Уз, недалеку од Ханаан. Јехова многу го сакал Јов, но имало некој што го мрази. Знаеш ли кој?

Тоа бил Сатана Ѓаволот. Сети се, Сатана е лошиот ангел кој го мрази Јехова. Тој успеал да ги натера Адам и Ева да му бидат непослушни на Јехова, па мислел дека ќе успее да ги натера и сите други да му бидат непослушни на Јехова. Но, дали го постигнал тоа? Не. Само помисли на многуте верни мажи и жени за кои учевме. Колку од нив можеш да наброиш?

Откако Јаков и Јосиф умреле во Египет, Јов бил најверниот човек на Јехова на целата Земја. Јехова сакал да му покаже на Сатана дека не може да ги натера сите да бидат лоши, па затоа му рекол: ‚Погледни го Јов. Види колку ми е верен‘.

‚Тој е верен‘, му одвратил Сатана, ‚затоа што ти го благословуваш и има многу добри работи. Но, ако му ги одземеш, ќе те проколне.‘

Затоа Јехова рекол: ‚Добро. Одземи му ги. Направи му на Јов какво сакаш зло. Ќе видиме дали ќе ме проколне. Само не смееш да го убиеш‘.

Најпрво Сатана предизвикал некои луѓе да му ги украдат на Јов говедата и камилите, а овците да му бидат убиени. Потоа, со помош на една силна бура, ја урнал куќата во која биле неговите 10 синови и ќерки, и ги убил сите. Како следно, Сатана го удрил Јов со оваа ужасна болест. Јов многу страдал. Ете затоа жена му на Јов му рекла: ‚Проколни го Бог и умри‘. Но Јов не го сторил тоа. Исто така, кај него дошле тројца негови лажни пријатели и му рекле дека не живеел како што треба. Но Јов останал верен.

Ова многу го израдувало Јехова, па затоа на крајот го благословил Јов, како што можеш да видиш на сликата. Го излекувал од неговата болест, повторно му дал 10 убави деца и двојно повеќе говеда, овци и камили.

Ќе му бидеш ли секогаш верен на Јехова како Јов? Ако си му верен, Бог ќе те благослови и тебе. Ќе можеш да живееш засекогаш кога целата Земја ќе стане исто толку убава како градината Еден.

Јов 1:1-22; 2:1-13; 42:10-17.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели