ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 40
  • Мојсеј удира во карпата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мојсеј удира во карпата
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Судија што секогаш суди по правдата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Исус Навин станува водач
    Мојата книга со библиски приказни
  • Дали твоите очи се вперени во Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 40

Приказна 40

Мојсеј удира во карпата

ЕДНА по една, поминале 10, 20, 30, 39 години, а Израелците сѐ уште биле во пустината. Но во сите тие години, Јехова се грижел за својот народ. Ги хранел со мана. Ги водел дење со столб од облак, а ноќе со столб од оган. И за сите тие години, не им се излитила облеката и не ги болеле нозете.

Во првиот месец од 40-тата година откако го напуштиле Египет, Израелците повторно се улогориле во Кадис. Таму биле и 40 години пред тоа, кога ги испратиле 12-те извидувачи да ја разгледаат ханаанската земја. Во Кадис умрела и Маријам, сестрата на Мојсеј. Но, како и претходно, на тоа место повторно имале тешкотии.

Народот не можел да најде вода. Затоа му се жалеле на Мојсеј: ‚Подобро ќе беше да умревме. Зошто нѐ доведе од Египет на ова ужасно место каде што ништо не расте? Овде нема жито, нема смокви, нема грозје, нема калинки. Нема дури ни вода за пиење!‘

Кога Мојсеј и Арон отишле во светиот шатор за да се помолат, Јехова му рекол на Мојсеј: ‚Собери го народот, па пред сите нив речи ѝ на онаа карпа да пушти вода. Тогаш од неа ќе излезе доволно вода за народот и за нивните животни‘.

И Мојсеј го собрал народот, па му рекол: ‚Слушајте, вие што немате доверба во Бог! Мораме ли Арон и јас да ви извадиме вода од оваа карпа?‘ Тогаш Мојсеј двапати ја удрил карпата со својот стап, и голем млаз вода потекол од неа. Имало доволно вода за да пијат и целиот народ и сите животни.

Но Јехова им се налутил на Мојсеј и на Арон. Дали знаеш зошто? Затоа што Мојсеј и Арон рекле дека тие ќе извадат вода од карпата. Но, всушност, тоа го сторил Јехова. И поради тоа што Мојсеј и Арон не ја кажале вистината, Јехова рекол дека ќе ги казни. ‚Вие нема да го одведете мојот народ во Ханаан‘, рекол тој.

Набрзо потоа Израелците заминале од Кадис. По некое време, дошле на планината Хор. Таму, на врвот од планината, Арон умрел. Кога умрел, имал 123 години. Израелците биле многу тажни, па затоа 30 дена целиот народ плачел по Арон. Неговиот син Елеазар станал следниот првосвештеник на израелскиот народ.

4. Мојсеева 20:1-13, 22-29; 5. Мојсеева 29:5; Неемија 9:21.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели