ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 46
  • Ѕидиштата на Ерихон

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ѕидиштата на Ерихон
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Раав ги скрила извидувачите
    Поуки од Библијата
  • Раав ги крие извидувачите
    Мојата книга со библиски приказни
  • Раав верувала во Јехова
    Поучете ги своите деца
  • „Прогласена за праведна поради делата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 46

Приказна 46

Ѕидиштата на Ерихон

ЗОШТО паѓаат ѕидиштата на Ерихон? Изгледа како да ги погодила голема бомба. Но во тоа време немало бомби. Немало дури ни пиштоли. Јехова направил уште едно чудо! Ајде да дознаеме како се случило тоа.

Слушај што му рекол Јехова на Исус Навин: ‚Ти и твоите борци одете и марширајте околу градот. Шест дена обиколувајте го по еднаш на ден. Со себе носете го ковчегот на сојузот. Седум свештеници треба да одат напред и да трубат во рогови.

На седмиот ден обиколете го градот седум пати. Потоа трубете долго со роговите, и секој нека вика силно како во војна. Тогаш ѕидиштата ќе се урнат до темел‘.

Исус Навин и народот направиле како што им рекол Јехова. Додека го обиколувале градот, сите молчеле. Никој не кажал ни збор. Единствено се слушал звукот на роговите и на чекорите. Непријателите на Божјиот народ што се наоѓале во Ерихон сигурно биле уплашени. Ја гледаш ли црвената врвца што виси од прозорецот? Чиј прозорец е тоа? Да, Раав направила така како што ѝ рекле двајцата извидувачи. Со неа во куќата било и целото нејзино семејство, и сите заедно набљудувале што се случува.

На крајот, откако на седмиот ден го обиколиле градот седум пати, затрубиле роговите, борците почнале да викаат, и ѕидиштата паднале. Тогаш Исус Навин рекол: ‚Убијте ги сите што се во градот, а градот запалете го! Запалете сѐ! Зачувајте ги само среброто, златото, бакарот и железото, и предајте ги во ризницата на Јеховиниот шатор‘.

А на двајцата извидувачи, им рекол: ‚Отидете во куќата на Раав и оттаму изведете ги нејзе и целото нејзино семејство‘. Раав и нејзиното семејство биле спасени, токму како што ѝ ветиле извидувачите.

Исус Навин 6:1-25.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели