ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 47
  • Крадец во Израел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Крадец во Израел
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Врвни точки од книгата Исус Навин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Она на што се сеќавал Исус Навин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Немој никогаш да станеш крадец!
    Учи од Големиот Учител
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 47

Приказна 47

Крадец во Израел

ВИДИ што закопува овој човек во својот шатор! Една убава наметка, златна шипка и неколку парчиња сребро. Ги зел од градот Ерихон. Но што требало да направи со работите од Ерихон? Се сеќаваш ли?

Некои работи требало да бидат уништени, а златото и среброто требало да бидат предадени во ризницата на Јеховиниот свет шатор. Значи, овие луѓе му биле непослушни на Бог. Го украле она што му припаѓало на Бог. Човекот се вика Ахан, а тие што му помагаат се членови на неговото семејство. Да видиме што се случило потоа.

Откако Ахан ги украл тие работи, Исус Навин испратил некои луѓе да се борат против градот Гај. Но непријателите ги победиле во битката. Некои биле убиени, а останатите побегнале. Исус Навин бил многу тажен. Легнал на земја со лицето свртено надолу и му се молел на Јехова: ‚Зошто дозволи да ни се случи ова?‘

Јехова му одговорил: ‚Стани! Израел направи грев. Тие зедоа неколку работи што требаше да ги уништат или да ги предадат во Јеховиниот свет шатор. Украдоа една убава наметка, па ја скрија. Нема да ве благословам додека не ја уништите наметката, како и оној што ги зеде тие работи‘. Јехова му рекол на Исус Навин дека ќе му покаже кој е тој лош човек.

Затоа Исус Навин го собрал целиот народ на едно место, и Јехова го покажал лошиот човек Ахан. Ахан рекол: ‚Згрешив. Видов една убава наметка, една шипка злато и неколку парчиња сребро. Толку многу сакав да ги имам што ги зедов. Ќе ги најдете закопани во мојот шатор‘.

Кога луѓето што ги испратил ги нашле тие работи и му ги донеле на Исус Навин, тој му рекол на Ахан: ‚Зошто ни нанесе неволја? Сега Јехова ќе ти нанесе неволја тебе!‘ Тогаш целиот народ фрлал камења врз Ахан и неговото семејство додека не умреле. Зарем тоа не покажува дека никогаш не треба да земеме нешто што не е наше?

Потоа, Израелците повторно отишле да се борат против Гај. Но, тогаш Јехова им помогнал, и победиле во битката.

Исус Навин 7:1-26; 8:1-29.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели