ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 51
  • Рут и Ноемина

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рут и Ноемина
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Рут и Ноемина
    Поуки од Библијата
  • „Каде ќе одиш ти, таму ќе одам и јас“
    Угледајте се на нивната вера
  • „Каде ќе одиш ти, таму ќе одам и јас“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Врвни точки од книгата Рута
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 51

Приказна 51

Рут и Ноемина

ВО БИБЛИЈАТА ќе најдеш една книга која се вика Рут. Тоа е приказна за едно семејство кое живеело во времето кога во Израел имало судии. Рут била млада жена од земјата Моав и не припаѓала на Божјиот народ Израел. Но, кога дознала за вистинскиот Бог Јехова, многу го засакала. Ноемина била постара жена која и помогнала на Рут да го запознае Јехова.

Ноемина била Израелка. Таа со мажот и со двата сина се преселила во моавската земја во време кога во Израел имало многу малку храна. Еден ден, умрел мажот на Ноемина. Подоцна, синовите на Ноемина се ожениле за две девојки од Моав, кои се викале Рут и Орфа. Но околу 10 години подоцна, умреле и двата сина на Ноемина. Ноемина и двете млади жени биле многу, многу тажни. Што направила Ноемина тогаш?

Еден ден, Ноемина решила да тргне на долг пат за да се врати дома, кај својот народ. Рут и Орфа сакале да останат со неа, па затоа тргнале и тие. Но откако поминале дел од патот, Ноемина им рекла на младите жени: ‚Вратете се дома и останете со своите мајки‘.

Ноемина ги бакнала за збогум, а тие се расплакале, бидејќи многу ја сакале Ноемина. Тогаш ѝ рекле: ‚Не! Ќе дојдеме со тебе кај твојот народ‘. Но Ноемина им одговорила: ‚Мора да се вратите, ќерки мои. Дома ќе ви биде подобро‘. Затоа Орфа се вратила. Но Рут не заминала.

Ноемина ѝ рекла: ‚Орфа замина. Врати се и ти со неа‘. Но Рут ѝ одговорила: ‚Не убедувај ме да те оставам! Пушти ме да дојдам со тебе. Каде што ќе одиш ти, таму ќе одам и јас, и каде што ќе живееш ти, таму ќе живеам и јас. Твојот народ ќе биде мој народ, и твојот Бог ќе биде мој Бог. Каде што ќе умреш ти, таму ќе умрам и јас, и таму ќе бидам погребана‘. Кога Рут ѝ го рекла тоа, Ноемина престанала да ја тера да се врати назад.

На крајот, двете жени дошле во Израел, и таму се населиле. Рут веднаш почнала да работи на една нива, бидејќи било време за собирање на јачменот. Еден човек, кој се викал Вооз, ја пуштил да собира јачмен на неговата нива. Знаеш ли која му била мајка на Вооз? Тоа била Раав од градот Ерихон.

Еден ден, Вооз ѝ рекол на Рут: ‚Чув сѐ за тебе, и за тоа колку добра си била со Ноемина. Знам дека си ги оставила татко ти и мајка ти и твојата земја и си дошла да живееш меѓу луѓе кои никогаш порано не си ги познавала. Јехова нека биде добар со тебе!‘

Рут му одговорила: ‚Ти си многу добар со мене, господару. Ми зборуваш многу љубезно‘. Рут многу му се допаѓала на Вооз и, по кратко време, тие двајцата се венчале. Ноемина била многу среќна поради тоа. Но уште посреќна била кога се родил Овид, првиот син на Рут и Вооз. Подоцна Овид му станал прататко на Давид, за кого ќе научиме многу работи понатаму во книгата.

Библиската книга Рут.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели