ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 54
  • Најсилниот човек

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Најсилниот човек
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Јехова му дал сила на Самсон
    Поуки од Библијата
  • Потпирај се на Јехова по примерот на Самсон
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Самсон триумфира со помош на силата од Јехова!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 54

Приказна 54

Најсилниот човек

ЗНАЕШ ЛИ како се викал најсилниот човек кој некогаш живеел? Се викал Самсон и бил судија. Таа сила му ја дал Јехова. Уште пред да се роди Самсон, Јехова ѝ кажал на мајка му: ‚Наскоро ќе родиш син. Тој ќе биде главниот што ќе го спаси Израел од Филистејците‘.

Филистејците биле лоши луѓе кои живееле во Ханаан. Тие имале многу војници и навистина им правеле лоши работи на Израелците. Еднаш, додека Самсон одел таму каде што живееле Филистејците, му излегол еден голем разрикан лав. Но Самсон го убил лавот со голи раце. Тој исто така убил и стотици лоши Филистејци.

Подоцна Самсон се заљубил во една жена, која се викала Делила. Филистејските водачи ѝ ветиле на Делила дека секој од нив ќе ѝ даде по 1.100 сребрени пари ако им каже од каде има Самсон толкава сила. Делила сакала да ги добие сите тие пари. Таа не му била вистински пријател на Самсон, и не го сакала Божјиот народ. Затоа постојано го прашувала Самсон од каде му е големата сила.

На крајот, Делила успеала да го натера Самсон да ѝ ја открие тајната за неговата сила. ‚Мојата коса никогаш не била исечена‘, ѝ рекол тој. ‚Откако сум роден, Бог ме избра да му бидам посебен слуга наречен назареец. Ако ми ја истрижат косата, ќе ја изгубам силата.‘

Кога го дознала тоа, Делила го успала Самсон во својот скут. Потоа викнала еден човек да дојде и да му ја исече косата. Кога се разбудил, Самсон ја изгубил силата. Тогаш дошле Филистејците и го заробиле. Му ги извадиле двете очи и го направиле свој роб.

Еден ден, Филистејците направиле голема прослава за да му се клањаат на својот бог Дагон. На тој ден го извадиле Самсон од затворот за да му се смеат. Во меѓувреме, на Самсон повторно му пораснала косата. Самсон му рекол на момчето што го водело за рака: ‚Пушти ме да ги допрам столбовите на кои стои зградава‘. Тогаш Самсон му се помолил на Јехова да му даде сила и почнал да ги турка столбовите, викајќи: ‚Дозволи ми да умрам со Филистејциве‘. На прославата биле присутни 3.000 Филистејци. Кога Самсон се потпрел на столбовите, зградата паднала и ги убила сите тие лоши луѓе.

Судиите, поглавја 13-16.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели