ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 75
  • Четири момчиња во Вавилон

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Четири момчиња во Вавилон
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Четири момчиња останале верни
    Поуки од Библијата
  • Испитани — но верни на Јехова!
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Нивната вера одолеала на тешкото искушение
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Избрани стихови од книгата Даниел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 75

Приказна 75

Четири момчиња во Вавилон

ЦАРОТ Навуходоносор ги одвел во Вавилон сите најучени Израелци. Потоа царот ги избрал меѓу нив најубавите и најпаметните момчиња. Четворица од нив ги гледаш на сликата. Едниот е Даниел, а другите тројца Вавилонците ги викале Седрах, Мисах и Авденаго.

Навуходоносор планирал да ги научи тие момчиња како да служат во неговата палата. По три години учење, тој ги избрал само најпаметните за да му помагаат кога ќе решава проблеми. Царот сакал момчињата да бидат јаки и здрави додека биле на школување. Затоа им заповедал на своите слуги да им даваат на сите нив од истите избрани јадења и вино што ги добивале тој и неговото семејство.

Види го младиот Даниел. Знаеш ли што му вели тој на Асвеназ, кој бил главниот слуга на Навуходоносор? Даниел му вели дека не сака да јаде од избраните јадења од царската трпеза. Но Асвеназ бил загрижен. ‚Царот одреди што треба да јадете и да пиете‘, му рекол тој. ‚Ако не изгледате исто толку здрави како другите момци, може да ме убие.‘

Затоа Даниел отишол кај чуварот кого Асвеназ го задолжил да ги надгледува него и неговите тројца пријатели. ‚Те молиме, испитај нѐ 10 дена‘, му рекол тој. ‚Давај ни зеленчук да јадеме и вода да пиеме. Потоа спореди нѐ со другите момчиња кои јадат од царската храна и види кој изгледа подобро.‘

Чуварот се согласил со тоа. Кога поминале 10-те дена, Даниел и неговите пријатели изгледале поздрави од сите други момчиња. Затоа чуварот им дозволил да продолжат да јадат зеленчук наместо храната што ја давал царот.

На крајот од трите години, сите млади мажи ги одвеле кај Навуходоносор. Откако разговарал со сите нив, царот увидел дека Даниел и тројцата негови пријатели биле најпаметни. Затоа ги задржал во палатата да му помагаат. А кога царот им поставувал прашања на Даниел, Седрах, Мисах и Авденаго или им задавал тешки проблеми, тие знаеле 10 пати повеќе од сите негови свештеници или мудреци.

Даниел 1:1-21.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели