ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 79
  • Даниел во лавовска јама

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Даниел во лавовска јама
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Даниел бил фрлен во лавовска јама
    Поуки од Библијата
  • Спасен од лавовските челусти!
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Даниил му служел на Бог со постојаност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Дариј — цар со чувство за правда
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 79

Приказна 79

Даниел во лавовска јама

ЛЕЛЕ! Изгледа како Даниел да е во голема неволја. Но, лавовите не го повредуваат! Знаеш ли зошто? Кој го ставил Даниел тука со сите овие лавови? Ајде да откриеме.

Во тоа време, цар на Вавилон бил еден човек кој се викал Дариј. Тој многу го сакал Даниел затоа што Даниел бил многу добар и мудар човек. Дариј го избрал Даниел да биде главен управител во неговото царство. Поради тоа, други мажи во царството му станале љубоморни на Даниел, па затоа го направиле следново.

Отишле кај Дариј и му рекле: ‚Ние се согласивме, о царе, дека треба да издадеш закон кој вели дека 30 дена никој не смее да се моли на ниту еден друг бог или човек освен на тебе, о царе. Ако некој не послуша, тогаш треба да се фрли кај лавовите‘. Дариј не знаел зошто тие луѓе сакале да се издаде тој закон. Но мислел дека тоа е добра идеја, па затоа го дал написмено тој закон. Откако бил даден, законот не можел да се промени.

Кога Даниел дознал за законот, отишол дома и се помолил, исто како и секогаш. Лошите луѓе знаеле дека Даниел нема да престане да му се моли на Јехова. Тие биле среќни бидејќи изгледало дека им успеал планот да се ослободат од Даниел.

Кога царот Дариј дознал зошто сакале тие мажи да се издаде тој закон, му било многу жал. Сепак, не можел да го промени законот, па затоа издал наредба да го фрлат Даниел во лавовската јама. Но, царот му рекол на Даниел: ‚Се надевам дека твојот Бог, кому му служиш, ќе те спаси‘.

Дариј бил толку вознемирен што не можел да спие таа ноќ. Следното утро отрчал до лавовската јама. Можеш да го видиш на сликата. Тој викнал: ‚Даниеле, слуго на живиот Бог! Дали Богот кому му служиш можеше да те спаси од лавовите?‘

‚Бог го испрати својот ангел‘, му одговорил Даниел, ‚па им ја затвори устата на лавовите, и така не ме повредија.‘

Царот бил многу радосен. Тој заповедал да го извлечат Даниел од јамата. Потоа наредил да бидат фрлени во лавовската јама лошите луѓе што се обиделе да се ослободат од Даниел. Уште не паднале на дното од јамата, а лавовите веќе ги зграпчиле и им ги скршиле сите коски.

Потоа, цар Дариј му напишал на сиот народ во своето царство: ‚Издавам заповед, секој да го почитува Богот на Даниел, бидејќи прави големи чуда. Тој го спаси Даниел да не го изедат лавовите‘.

Даниел 6:1-28.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели