ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 94
  • Тој ги сака малите деца

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тој ги сака малите деца
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Ги подготвува апостолите за своето заминување
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Избива расправија
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Важна поука за понизноста
    Исус — патот, вистината и животот
  • Исус им дал на апостолите и други важни поуки
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 94

Приказна 94

Тој ги сака малите деца

ВИДИ ГО Исус како го гушка детето. Можеш да видиш дека Исус навистина се грижи за малите деца. Луѓето што го гледаат се неговите апостоли. Што им рекол Исус ним? Да видиме.

Исус и неговите апостоли кратко пред тоа се вратиле од едно долго патување. По патот апостолите се карале. Затоа, откако пристигнале, Исус ги прашал: ‚За што расправавте по патот?‘ Всушност, Исус знаел за што расправале. Но им го поставил прашањето за да види дали ќе му кажат.

Апостолите не одговориле бидејќи по патот расправале за тоа кој од нив е најголем. Некои апостоли сакале да бидат поважни од другите. Како им кажал Исус дека не е исправна желбата да се биде најголем?

Тој повикал едно мало дете и го застанал пред сите нив. Потоа им рекол на своите ученици: ‚Сакам да го знаете ова: ако не се промените и не станете како мали деца, никогаш нема да влезете во Божјето царство. Најголемиот во царството е оној што ќе стане како ова дете‘. Знаеш ли зошто Исус го рекол ова?

Затоа што на малите деца не им е важно дали ќе бидат поважни од другите или не. Затоа апостолите требало да научат да бидат како деца во тој поглед и да не се караат за тоа кој ќе биде на повисока положба или поважен.

Исус и другпат покажал колку многу се грижи за малите деца. Неколку месеци подоцна, некои луѓе ги донеле своите деца кај Исус. Апостолите се труделе да ги спречат. Но Исус им рекол на своите апостоли: ‚Пуштете ги децата да доаѓаат кај мене и не спречувајте ги, бидејќи на оние што се како нив им припаѓа Божјето царство‘. Потоа Исус ги зел децата во прегратка и ги благословил. Зарем не е добро да се знае дека Исус ги сака малите деца?

Матеј 18:1-4; 19:13-15; Марко 9:33-37; 10:13-16.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели