ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 96
  • Исус ги лекува болните

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус ги лекува болните
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Исус доаѓа како цар
    Мојата книга со библиски приказни
  • Има време за работа и време за одмор
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Учениците кинеле класје во сабота
    Исус — патот, вистината и животот
  • Дали треба христијаните да го држат денот на одмор?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 96

Приказна 96

Исус ги лекува болните

ДОДЕКА патувал низ земјата, Исус ги лекувал болните. Веста за овие чуда се пренесувала во сите села и градови. Затоа народот му ги носел сакатите, слепите и глувите, како и многу други болни. И Исус ги излекувал сите нив.

Откако Јован го крстил Исус, поминале повеќе од три години. И Исус им кажал на своите апостоли дека наскоро ќе оди во Ерусалим каде што ќе биде убиен, а потоа ќе биде подигнат од мртвите. Во меѓувреме, Исус продолжил да ги лекува болните.

Еден ден, Исус поучувал во сабота. За Евреите, саботата била ден за одмор. Жената што ја гледаш на сликата била многу болна. Осумнаесет години била згрбавена и не можела да се исправи. Затоа Исус ги ставил рацете врз неа, и таа почнала да се исправа. Била излекувана!

Ова ги разлутило верските водачи. ‚Има шест дена во кои треба да работиме!‘ — му викнал еден од нив на мноштвото. ‚Тогаш треба да доаѓате да ве лекува, а не во сабота!‘

Но Исус одговорил: ‚Вие, лоши луѓе. Секој од вас ќе го одврзе своето магаре и ќе го одведе да пие вода во сабота. Зарем не треба оваа кутра жена, која е болна 18 години, да биде излечена во сабота?‘ Исусовиот одговор ги посрамил тие лоши луѓе.

Подоцна, Исус и неговите апостоли патувале за Ерусалим. Штом излегле од градот Ерихон, двајца слепи просјаци чуле дека поминува Исус. Затоа извикале: ‚Исусе, помогни ни!‘

Исус ги повикал слепите и ги прашал: ‚Што сакате да ви направам?‘ Тие рекле: ‚Господару, нека ни се отворат очите‘. Исус им ги допрел очите и тие веднаш прогледале! Знаеш ли зошто Исус ги направил сите овие прекрасни чуда? Затоа што ги сака луѓето и сака тие да веруваат во него. Поради тоа, можеме да бидеме сигурни дека, кога тој ќе владее како Цар, никој на Земјата повеќе нема да биде болен.

Матеј 15:30, 31; Лука 13:10-17; Матеј 20:29-34.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели