ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 99
  • Во една горна соба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во една горна соба
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Господаровата вечера
    Исус — патот, вистината и животот
  • Прослава што има значење за тебе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Последната Пасха на Исус
    Поуки од Библијата
  • Сеќавај се на Јехова и на неговиот Син
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 99

Приказна 99

Во една горна соба

ДВА дена подоцна, во четврток навечер, Исус и неговите 12 апостоли дошле во оваа голема горна соба за да го јадат пасхалниот оброк. Човекот што гледаш дека си заминува е Јуда Искариот. Тој оди да им каже на свештениците како да го фатат Исус.

Само еден ден пред тоа, Јуда отишол кај нив и ги прашал: ‚Што ќе ми дадете ако ви помогнам да го фатите Исус?‘ Тие рекле: ‚Триесет сребреници‘. Затоа Јуда отишол да се сретне со тие луѓе за да може да ги одведе кај Исус. Зарем тоа не е страшно?

Пасхалната вечера завршила. Но Исус почнал една друга посебна вечера. Тој им подал на своите апостоли еден леб и рекол: ‚Јадете од него, бидејќи ова го претставува моето тело кое треба да се даде за вас‘. Потоа им подал една чаша со вино и рекол: ‚Пијте, бидејќи ова ја претставува мојата крв која треба да биде пролеана за вас‘. Библијата го нарекува ова ‚Господаровата вечера‘.

Израелците ја јаделе Пасхата за да ги потсети на времето кога Божји ангел ‚ги одминал‘ нивните куќи во Египет, а ги убил првородените во куќите на Египќаните. Но, сега Исус сакал неговите следбеници да се сеќаваат на него и на начинот на кој го дал својот живот за нив. И затоа тој им рекол да ја прославуваат таа посебна вечера секоја година.

Откако завршила Господаровата вечера, Исус им рекол на своите апостоли да бидат храбри и цврсти во верата. На крајот, му пееле песни на Бог и потоа заминале. Било многу доцна, веројатно по полноќ. Ајде да видиме каде отишле.

Матеј 26:14-30; Лука 22:1-39; Јован, поглавја 13-17; 1. Коринќаните 11:20.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели