ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 106
  • Ослободени од затвор

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ослободени од затвор
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Ништо не можело да ги запре
    Поуки од Библијата
  • „Луѓе неуки и обични“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • „Мораме да му се покоруваме на Бог“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Помош за да го победиме нашиот страв
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 106

Приказна 106

Ослободени од затвор

ВИДИ ГО овде ангелот кој ја држи отворена вратата на затворот. Луѓето што тој ги ослободува се апостолите на Исус. Ајде да откриеме зошто се нашле в затвор.

Поминало само кратко време откако светиот дух бил излеан врз Исусовите ученици. И еве што се случило: едно попладне, Петар и Јован отишле во храмот во Ерусалим. Близу до портата, седел еден човек кој бил сакат цел живот. Луѓето го донесувале таму секој ден за да може да проси пари од оние што оделе во храмот. Кога ги здогледал Петар и Јован, ги молел да му дадат нешто. Што направиле апостолите?

Тие застанале и го погледнале кутриот човек. ‚Јас немам пари‘, рекол Петар, ‚но ќе ти го дадам она што го имам. Во името на Исус, стани и оди!‘ Тогаш Петар го фатил човекот за десната рака, и тој веднаш скокнал и почнал да оди. Кога го виделе тоа, луѓето биле зачудени и многу среќни поради ова прекрасно чудо.

‚Со моќта од Бог, кој го подигна Исус од мртвите, го направивме ова чудо‘, рекол Петар. Додека тој и Јован зборувале, дошле некои верски водачи. Тие биле лути поради тоа што Петар и Јован му кажувале на народот дека Исус бил подигнат од мртвите. Затоа ги фатиле и ги ставиле в затвор.

Следниот ден верските водачи имале голем состанок. На тој состанок ги довеле Петар и Јован заедно со човекот што го излечиле. ‚Со каква сила го направивте ова чудо?‘ — прашале верските водачи.

Петар им одговорил дека тоа било со помош на силата од Бог, кој го подигнал Исус од мртвите. Свештениците не знаеле што да направат бидејќи не можеле да одречат дека тоа прекрасно чудо навистина се случило. Затоа ги опоменале апостолите повеќе да не зборуваат за Исус, а потоа ги пуштиле.

Деновите минувале, а апостолите и понатаму проповедале за Исус и лекувале болни. Вестите за овие чуда се ширеле. Затоа, дури и големи групи луѓе од градовите околу Ерусалим им донесувале на апостолите болни за да ги излечат. Верските водачи станале љубоморни, па затоа ги фатиле апостолите и ги ставиле в затвор. Но тие не останале таму долго време.

Ноќта, еден Божји ангел ја отворил вратата на затворот, како што можеш да видиш на сликата. Ангелот рекол: ‚Одете, застанете во храмот и продолжете да му зборувате на народот‘. Следното утро, кога верските водачи испратиле луѓе во затворот да им ги доведат апостолите, нив ги немало. Подоцна луѓето ги нашле како поучуваат во храмот, па ги довеле во салата на Судскиот совет.

‚Ние строго ви наредивме повеќе да не поучувате за Исус‘, рекле верските водачи. ‚Но вие го исполнивте Ерусалим со вашето учење.‘ Тогаш апостолите им одговориле: ‚Ние мораме да му се покоруваме на Бог, а не на луѓето‘. Затоа продолжиле да поучуваат за ‚добрата вест‘. Зарем тоа не е за нас одличен пример што треба да го следиме?

Дела, поглавја 3-5.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели