ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 108
  • На патот за Дамаск

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На патот за Дамаск
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Исус го избрал Савле
    Поуки од Библијата
  • Прогонителот гледа голема светлина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Можат ли да се променат оние што прават лоши работи?
    Учи од Големиот Учител
  • Проповедањето на Савле предизвикува непријателство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 108

Приказна 108

На патот за Дамаск

ЗНАЕШ ЛИ кој е човекот што лежи на земјата? Тоа е Савле. Се сеќаваш? Тоа е оној што им ги чувал наметките на луѓето кои го каменувале Стефан. Види ја таа сјајна светлина! Што се случило?

Откако Стефан бил убиен, Савле бил главниот што ги прогонувал Исусовите следбеници. Тој влегувал од куќа во куќа, ги фаќал и ги фрлал в затвор. Многумина од учениците побегнале во други градови и почнале таму да ја објавуваат добрата вест. Сепак, Савле одел и во другите градови за да ги најде таму Исусовите следбеници. На сликата е на пат за Дамаск. Но, по патот се случило следново чудо:

Наеднаш, светлина од небото светнала околу Савле. Тој паднал на земја, како што гледаме тука. Потоа еден глас рекол: ‚Савле, Савле! Зошто ме прогонуваш?‘ Луѓето што биле со Савле ја виделе светлината и го чуле звукот на гласот, но не можеле да разберат што зборува.

‚Кој си ти, Господару?‘ — прашал Савле.

‚Јас сум Исус, кого го прогонуваш‘, одговорил гласот. Исус го рекол тоа бидејќи, кога Савле ги прогонувал Исусовите следбеници, Исус чувствувал како да го прогонува него самиот.

Тогаш Савле прашал: ‚Што треба да направам, Господару?‘

‚Стани и оди во Дамаск‘, рекол Исус. ‚Таму ќе ти биде кажано што мораш да правиш.‘ Кога Савле станал и ги отворил очите, не можел ништо да види. Бил слеп! Затоа луѓето што биле со него го зеле за рака и го одвеле во Дамаск.

Исус зборувал со еден од своите ученици во Дамаск и му рекол: ‚Ананија, стани и оди во улицата наречена Права. Во куќата на Јуда побарај го човекот кој се вика Савле. Него го избрав за да ми биде посебен слуга‘.

Ананија го послушал. Кога го сретнал Савле, ги положил рацете врз него и рекол: ‚Господарот ме испрати за да можеш да гледаш повторно и да се исполниш со свет дух‘. Одеднаш, нешто што личело на лушпи паднало од очите на Савле и тој повторно можел да гледа.

Савле на еден важен начин бил употребен да им проповеда на луѓето од многу народи. Тој станал познат како апостол Павле за кого ќе учиме многу повеќе. Но прво, да видиме каква задача му дал Бог на Петар.

Дела 8:1-4; 9:1-20; 22:6-16; 26:8-20.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели