ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 111
  • Едно момче заспало

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Едно момче заспало
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Кога треба да останеме будни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Јас сум „чист од крвта на сите“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Бродолом на еден остров
    Мојата книга со библиски приказни
  • Тимотеј — новиот помошник на Павле
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 111

Приказна 111

Едно момче заспало

ЛЕЛЕ! Што се случило? Дали момчето кое лежи на земја е сериозно повредено? Гледај, меѓу луѓето што излегуваат од куќата е и Павле! Го гледаш ли и Тимотеј? Дали момчето паднало од прозорецот?

Да, токму тоа се случило. Павле држел говор пред учениците во Троада. Тој знаел дека нема да ги види долго време затоа што следниот ден морал да замине со брод. Затоа продолжил да зборува сѐ до полноќ.

Ова момче, кое се вика Ефтих, седело на прозорецот. Но, заспало и паднало од прозорецот на третиот кат! Затоа луѓето изгледаат толку загрижени. Кога го подигнале момчето, виделе дека се случило најлошото. Било мртво!

Кога Павле видел дека момчето е мртво, легнал врз него и го прегрнал. Потоа рекол: ‚Не грижете се. Тој е жив!‘ И навистина бил жив! Тоа било чудо! Павле го оживеал! Сите присутни неизмерно се израдувале.

Сите повторно се качиле горе и вечерале. Павле продолжил да зборува сѐ до зори. Но можеш да бидеш сигурен дека Ефтих не заспал повторно! Потоа Павле, Тимотеј и оние што патувале со нив се качиле на брод. Знаеш ли каде отишле?

Кратко пред тоа, Павле завршил со своето трето проповедничко патување, па тргнал на пат за дома. На тоа патување, само во градот Ефес Павле останал три години. Затоа третото патување траело уште подолго од второто.

Откако ја напуштил Троада, бродот стоел некое време во Милет. Бидејќи Ефес не бил многу далеку, Павле порачал да дојдат во Милет старешините од ефеското собрание за да може да разговара со нив за последен пат. Потоа, кога дошло време бродот да замине, тие биле многу тажни додека гледале како Павле си оди.

Конечно, бродот стигнал во Цезареја. Додека Павле престојувал во домот на ученикот Филип, пророкот Агав го предупредил. Тој рекол дека Павле ќе стане затвореник кога ќе се врати во Ерусалим. Токму тоа и се случило. Подоцна, откако две години бил во затвор во Цезареја, Павле бил испратен во Рим за да излезе на суд пред цезарот (така се викал римскиот владетел). Ајде да видиме што се случило на патот за Рим.

Дела, поглавја 19-26.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели