ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 115
  • Нов рај на Земјата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нов рај на Земјата
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Кои ќе бидат воскреснати? Каде ќе живеат?
    Учи од Големиот Учител
  • Која е Божјата намера со Земјата?
    Што бара Бог од нас?
  • „Се гледаме во рајот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • После Армагедон — рајска Земја
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 115

Приказна 115

Нов рај на Земјата

ПОГЛЕДНИ ГИ сите овие високи дрвја, убави цвеќиња и високи планини. Зарем не е убаво тука? Види како срната јаде од раката на детето. И види ги лавовите и коњите како стојат таму на ливадата. Зарем не би сакал да живееш во куќа што се наоѓа на вакво место?

Бог сака ти да живееш засекогаш во рај на Земјата. И тој не сака да имаш болки и страдања како што имаат луѓето денес. Едно библиско ветување, кое им е дадено на оние што ќе живеат во новиот рај, гласи: ‚Бог ќе биде со нив. Ќе нема повеќе ниту смрт, ниту тага, ниту болка. Старите работи поминаа‘.

Исус ќе се погрижи да се случи таа прекрасна промена. Знаеш ли кога? Да, откако ќе ја исчисти Земјата од сето зло и од лошите луѓе. Се сеќаваш ли дека Исус, кога бил на Земјата, ги лечел луѓето од сите видови болести, па дури и ги подигал луѓето од мртвите? Тој го сторил тоа за да покаже што ќе направи на целата Земја кога ќе стане Цар на Божјето Царство.

Само помисли колку убаво ќе биде во новиот рај на Земјата! Исус, заедно со некои од оние што ги избрал, ќе владее на небото. Овие владетели ќе водат грижа за сите на Земјата и ќе им помогнат да бидат среќни. Ајде да видиме што треба да направиме за да бидеме сигурни дека Бог ќе ни даде вечен живот во својот нов рај.

Откровение 21:3, 4; 5:9, 10; 14:1-3.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели