ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • uw погл. 13 стр. 103-109
  • Големо мноштво пред Јеховиниот престол

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Големо мноштво пред Јеховиниот престол
  • Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Идентификување на ,големото мноштво‘
  • Испитани дали се достојни да преживеат
  • Да се живее во духовен рај
  • Едно големо мноштво пред Јеховиниот престол
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Многубројно големо мноштво
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Се собира големото мноштво!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Едно големо мноштво принесува света служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
uw погл. 13 стр. 103-109

Глава 13

Големо мноштво пред Јеховиниот престол

1. а) Што морале да искусат претхристијанските слуги на Бог или 144.000-те пред да ја добијат својата награда? б) Но што ќе биде можно за големото мноштво кое ќе живее во времето на избивањето на „големата неволја“?

ИАКО верните Божји слуги од Авел до Јован Крстител на прво место во своите животи го ставале вршењето на Божјата волја, сите тие морале да умрат и да чекаат воскресение. Оние 144.000 кои ќе бидат со Христос во неговото небесно Царство, исто така мораат да умрат пред да можат да ја добијат својата награда. За разлика од нив, на апостол Јован во визија му било покажано дека ќе има големо мноштво луѓе кое навистина ќе ја преживее „големата неволја“ (ДК) и, без да умрат, ќе имаат изглед да живеат засекогаш (Отк. 7:9-17).

Идентификување на ,големото мноштво‘

2. Што довело до јасно разбирање на идентитетот на ‚големото мноштво‘ од Откровение 7:9?

2 Со векови не било познато кого ова „големо мноштво“ го претставува. Но, напредното разбирање на пророштвата поврзани со него го подготвило патот. Во 1923 се распознало дека „овците“ од Исусовата споредба во Матеј 25:31-46 и ‚другите овци‘ на кои се осврнува Јован 10:16 биле лица кои сега живеат и кои ќе имаат прилика да живеат засекогаш овде на Земјата. Во 1931 се разбрало дека лицата опишани во Језекиил 9:1-11, за кои се вели дека човек со мастилница во појасот им ги обележува челата, се идентифицирани со „овците“ од Матеј, 25. поглавје. Потоа, во 1935 било согледано дека ‚големото множество‘ или ‚големото мноштво‘ од Откровение 7:9-17 одговара на „овците“ од Исусовата споредба за овците и јарците. Иако уште во 1923 било утврдено дека веќе почнале да се појавуваат некои такви поединци слични на овци, нивниот број брзо почнува да расте дури од 1935. Денес постојат дословно милиони кои сакаат да припаѓаат на тоа „големо мноштво“ од „други овци“ кои имаат божествена наклоност.

3. Зошто тоа што ‚стојат пред престолот‘ не значи дека се небеска класа?

3 Оние што припаѓаат на ‚големото мноштво‘ се разликуваат од тие 144.000 членови на духовниот Израел на кои се однесува претходниот дел од истото поглавје на Откровение. Во својата визија Јован не гледа дека ова „големо мноштво“ е на небото. Тоа што ‚стојат пред престолот‘ (грчки: ено́пион ту тро́ну, „во видокруг на престолот“) на Бог не значи дека тие треба да бидат на небото. Нивното место едноставно е „во видокругот“ на Бог кој ни кажува дека од небото ги гледа синовите човечки. (Отк. 7:9; Псал. 10:4; спореди Псалми 99:1, 2, исто така Лука 1:74, 75 и Дела 10:33, Kingdom Interlinear.) Исто така не е неопходно „сите народи“ да бидат на небото за да бидат пред престолот на Христос (буквално: „пред него“), како што е опишано во Матеј 25:31, 32. Фактот дека тоа „големо мноштво народ кое што никој не можеше да го преброи“ не е небесна класа, се гледа од споредувањето на Откровение 7:4-8 и 14:1-4 каде што е откриен одреден број на оние кои се земени од Земјата да бидат на небото.

4. а) Што е „големата неволја“ која тие ја преживуваат? б) Како што е наведено во Откровение 7:11, 12, кој го набљудува тоа „големо мноштво“ и кој учествува со него во обожавањето?

4 За поблиску да го означи ‚големото мноштво‘, Јован напишал: „Тие се што дојдоа од големи маки [големата неволја, ДК]“. Она што тие ќе го преживеат е навистина најголемата неволја што некогаш била доживеана на Земјата (Отк. 7:13, 14; Мат. 24:21). Преживеаните од тој Јеховин ден што влева страв, нема да се двоумат околу тоа кој е одговорен за нивното ослободување. Кога со благодарност ќе го припишат своето спасение на Бог и на Јагнето, тогаш, како што видел Јован во визијата, сите верни суштества на небото ќе ги обединат своите гласови со нив во обожавање на единствениот вистинит Бог, со зборовите: „Амин! Благослов и слава, премудрост и благодарност, чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин“ (Отк. 7:11, 12).

Испитани дали се достојни да преживеат

5. а) Како можеме да одредиме што се бара од нас за да бидеме дел од тоа „големо мноштво“ кое ќе биде зачувано? б) Додека одговараш на прашањата на крајот од пасусот, објасни што е потребно за да се преживее „големата неволја“.

5 Сочувувањето на ‚големото мноштво‘ се одвива во склад со Јеховините лични праведни мерила. Јасни укажувања на препознатливите обележја на оние што ќе бидат ослободени се содржани во библиските пророштва кои се однесуваат на нив. На тој начин на љубителите на праведноста им е овозможено да постапуваат така за да добијат изглед да преживеат. Ние веќе се осврнавме на стиховите што следуваат. Но, сега анализирај ги внимателно со помош на додатните наведени стихови и размисли што мораш да правиш за да одговараш на тие пророчки описи:

„Други овци“ на кои се укажува во Јован 10:16

Што значи некој навистина да го слуша Исусовиот глас? (Јован 10:27; Мат. 9:9; Еф. 4:17-24)

Како можеме да покажеме дека го признаваме Христос како наш „е д е н пастир“ (Мат. 23:10, 11)

„Овците“ во Исусовата илустрација за овците и јарците (Мат. 25:31-46)

Кои се Христовите ‚браќата‘ на кои тие им прават добро? (Евр. 2:10, 11; 3:1)

Под какви тешки околности се повикани да се идентификуваат со Христовите браќа на Земјата? И во кое дело тие лојално помагаат? (Отк. 12:12, 17; Мат. 24:14; 28:19, 20)

Лицата кои човекот со мастилница во појасот ги обележал за преживување (Езек. 9:1-11)

Како тие покажуваат дека не се согласни со одвратните работи кои се вршат во противсликата на Ерусалим, односно во т.н. христијанство? (Отк. 18:4, 5)

Што е вклучено во ‚знакот‘ кој ги разликува од наводните христијани и ги оправдува за да бидат сочувани? (1. Петр. 3:21; Мат. 7:21-27; Јован 13:35)

6. Како Јовановиот опис на ‚големото мноштво‘ ни помага да разбереме зошто тие биле зачувани?

6 Описот на ‚големото мноштво‘, даден во Откровение 7:9-15, пружа натамошни значајни детали. Кажувајќи ни како оние од ‚големото мноштво‘ се појавуваат после „големата неволја“ (ДК), Библијата исто така ни го свртува вниманието на факторите кои довеле до нивно зачувување.

7. Што прават припадниците на „големото мноштво“ пред „големата неволја“, и од каде произлегува тоа?

7 Иако доаѓаат од сите нации, племиња, колена, народи и јазици, покажано е како обединето ‚стојат пред престолот‘ и му оддаваат признание на Јехова, Оној кој седи на престолот, како на Универзален Суверен. Со својот начин на живот докажале дека лојално го поддржуваат неговото владетелство. Фактот дека ‚ги испрале своите облеки и ги обелиле во крвта на Агнецот‘ укажува дека признале дека им е потребна опросната вредност на Исусовата жртва како Божје Јагне (Јован 1:29; 1. Јов. 2:2). На темел на таа жртва му се предале на Бог со вера, а тоа го симболизирале со потопување под вода и сега тие уживаат чиста положба пред Бог, како што е предочено со нивните бели облеки. Тие не се колебале јавно да ја објават својата вера во Божјиот Син (Мат. 10:32, 33). Во согласност со сево ова, покажани се во Божјиот храм, универзалниот дом на обожавање, како обожаватели кои му принесуваат на Бог „света служба ден и ноќ“ (NW). Со тоа се покажале како лојални поддржувачи на вистинското обожавање и како објавители на неговото Царство (Иса. 2:2, 3).

8. Што мораме да правиме за да имаме корист од овие информации?

8 Дали подробностите на овие пророчки слики се однесуваат и на тебе? Постојат ли подрачја на кои би требало попотполно да го ускладиш својот живот со она што е опишано овде? Ако е така, сега е време да го сториш тоа!

Да се живее во духовен рај

9. Како Јован ги опишува духовните благослови што ги ужива ‚големото мноштво‘ уште сега?

9 Дали си ти еден од оние кои се надеваат да преживеат како дел од ‚големото мноштво‘? Ако си го прилагодил својот живот на Јеховините праведни патишта, тогаш без сомнение уште сега ги доживуваш ветените услови кои прикладно се наречени духовен рај. На апостол Јован му било речено: „Нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето, и никаква горештина; бидејќи Агнецот, Кој е среде престолот, ќе ги пасе и води на живи извори водни, и Бог ќе им ја избрише секоја солза од очите нивни“ (Отк. 7:16, 17). Како тоа се исполнило во твојот случај?

10. а) Како во духовна смисла се исполнува тоа што ‚големото мноштво‘ ‚нема веќе да огладне, ниту да ожедне‘? б) Дали тоа лично си го доживеал?

10 Дали пред да дојдеш под љубезната грижа на Добриот Пастир, Исус Христос, си бил гладен и жеден за праведност? (Спореди Матеј 5:6.) Ако е така, она по кое си копнеел било нешто што може да го обезбеди само Јехова преку својот Син. Кога си научил за Јеховините праведни патишта — неговата намера да го уништи злото, како и незаслужената доброљубивост кога овозможил спасение за потомството на Адам — тогаш, без сомнение, за првпат во твојот живот си бил навистина среќен. Духовната храна и пијалок од Божјата Реч, посредувани преку неговата организација, продолжила да ти пружа задоволство (Иса. 65:13, 14). И ако си се предал на Бог преку Христос, сега имаш реална цел во животот. (Спореди Јован 4:32-34.) Пред тебе е радосниот изглед за вечен живот на рајската Земја, бидејќи Јагнето „ќе ги . . . води [,големото мноштво‘] на живи извори водни“.

11. а) На кој начин се исполнило тоа што „нема да ги пече сонцето, и никаква горешина“? б) Колку е важно тоа за тебе?

11 Добриот Пастир исто така ги штити и безбедно ги води оние од ‚големото мноштво‘ како „овци“ кои имаат доверба. Поради тоа, симболично речено, „нема да ги пече сонцето, и никаква горештина“. Тоа не значи дека, како дел од ‚големото мноштво‘, нема никогаш да трпиш прогонство од светот. Напротив тоа, ова укажува дека си заштитен од огнената жештина на Божјето негодување. И кога Бог ќе почне да ги уништува злите, тој нема да допушти да бидеш уништен и ти. Тој однос на Божја милост кон тебе може да продолжи недогледно (Езек. 38:22, 23; спореди Псалми 10:6; 84:3, 4).

12. На кој начин солзите уште сега се избришани од твоите очи?

12 Какви извонредни причини за радост имаш ако навистина си дел од тоа „големо мноштво“! Ја имаш прекрасната надеж да видиш како злите потполно ќе бидат отстранети, а потоа твојот ум и тело дословно ќе бидат ослободени од сите последици на гревот. Но, ти уште сега не страдаш од жалоста што ја чуствуваат луѓето кои го занемаруваат Бог. Почнуваш да ја спознаваш радоста која му припаѓа само на народот чијшто Бог е Јехова (Псал. 143:15б). На овој начин веќе започнуваш да го доживуваш исполнувањето на ветувањето: „Бог ќе им ја избрише секоја солза од очите нивни“.

13. Како ќе биде зголемена радоста во духовниот рај додека се приближува Христовата милениумска влада?

13 Токму како што ‚големото мноштво‘ ќе го преживее крајот на овој систем на ствари, така засекогаш ќе постои и духовниот рај. Ако си еден од нив, тогаш ќе продолжиш да уживаш во богатата духовна гозба, додека напредува Христовата милениумска влада. Твоето спознание за самиот Бог ќе се продлабочи додека гледаш како неговата непогрешлива намера славно се исполнува. Твојата радост ќе биде сѐ поголема додека им изразуваш добредојде на сѐ поголемото мноштво луѓе кои се враќаат за да се обединат со тебе во вистинското обожавање. И физичките благослови што тогаш ќе бидат овозможени, ќе бидат особено драгоцени за сите лојални Божји слуги, бидејќи тоа ќе биде видлив израз на Јеховината љубов (Иса. 25:6-9; Јак. 1:17).

За повторување

● Со кој извонреден настан Библијата го поврзува ‚големото мноштво‘, и како?

● Што мораме да правиме сега ако навистина сакаме да бидеме вклучени во тоа „големо мноштво“ кое има божествена наклоност?

● Колку се важни за тебе благословите на духовниот рај?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели