ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • uw погл. 23 стр. 176-183
  • Цврсто задржи го во мислите Јеховиниот ден!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Цврсто задржи го во мислите Јеховиниот ден!
  • Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Будно следи ги настаните преку кои се исполнува знакот!
  • Делење на луѓето
  • Што претстои?
  • Цврсто држи го во мислите Јеховиниот ден
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • „Да дојде царството твое“
    Божјето Царство владее!
  • Апостолите побарале знак
    Исус — патот, вистината и животот
Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
uw погл. 23 стр. 176-183

Глава 23

Цврсто задржи го во мислите Јеховиниот ден!

1. а) Како си реагирал кога првпат си научил дека е близу ослободувањето од болките на овој стар систем? б) Кои прашања поврзани со тоа треба сериозно да ги разгледаме?

БЕЗ сомнение едно од првите нешта што си ги научил при проучувањето на Библијата било тоа дека е близу ослободувањето од болките на животот во овој сегашен систем на ствари (Лука 21:28). Си сфатил дека Бог има намера целата Земја да биде Рај. Криминалот, војната, болеста и смртта нема повеќе да постојат, па дури и нашите блиски кои умреле повторно ќе живеат. Каков охрабрувачки изглед! Фактот дека сето тоа е близу бил нагласен со доказот дека Христовата невидлива присутност како владеачки Цар започнала во 1914 н. е. и дека оттогаш се наоѓаме во последните денови на овој злобен свет. Дали тоа спознание направило промени во твојот живот? Дали твојот начин на живот навистина уверливо покажува дека „Јеховиниот ден“ е близу?

2. а) Кога ќе дојде ‚Јеховиниот ден‘? б) Како фактот што Јехова не го открил „тој ден и час“ се покажал како корисен?

2 Библијата јасно покажува дека ‚генерацијата‘ (NW) која го видела почетокот на Христовата присутност ќе го види и „големиот Јеховин ден“ (NW) во кој тој ќе изврши осуда против сите оние кои се неправедни (Мат. 24:34; Соф. 1:14–2:3). Таа „генерација“ сега е навлезена во длабока старост. Но Библијата не го одредува точниот датум кога Исус Христос ќе дојде како Јеховин извршител на осудата против Сатановиот земски систем на ствари. „А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот“, рекол Исус (Марко 13:32). Тоа се покажало како многу корисно. На кој начин? Овозможува да се согледа состојбата на срцата на луѓето. Ако некои не го љубат вистински Јехова, тогаш тие се склони да го одложуваат неговиот „ден“ во своите мисли и да се свртат кон световни тежнеења кон кои се склони нивните срца. Јехова ги признава за свои слуги само оние кои вистински го љубат и кои го покажуваат тоа така што му служат со цела душа, независно од тоа кога ќе дојде крајот на овој злобен систем. Бог и неговиот Син не ги признаваат оние кои се млаки или неодлучни (Отк. 3:16; Псал. 36:4; 1. Јов. 5:3).

3. Што рекол Исус за да нѐ предупреди во тој поглед?

3 Предупредувајќи ги љубителите на Јехова, Исус рекол: „Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе настане времето“ (Марко 13:33-37). Тој нѐ предупредува да не дозволуваме јадењето и пиењето или „грижата за овој свет“ да ни го одземат вниманието до тој степен што би ја изгубиле од вид сериозноста на времето (Лука 21:34-36; Мат. 24:37-42).

4. Што ќе донесе ‚Јеховиниот ден‘, како што објаснил Петар?

4 Потоа, апостол Петар ги советувал сите оние кои имале вистинска вера да ‚го очекуваат и да го сакаат скорото доаѓање на Божјиот ден, поради кого небесата ќе се разрушат и разгорените стихии ќе се стопат‘. Близината на „Јеховиниот ден“ е факт кој никој од нас никогаш не треба да го потценува. Видливото владеачко небо и злобното човечко општество набргу ќе бидат заменети со „ново небо и нова земја“ од Бог, а на сите ‚елементи‘ кои се составен дел на сегашниов световен систем — неговиот независен став и материјалистички начин на живот — ќе им се стави крај во уништувачката жештина на „Јеховиниот ден“ (2. Петр. 3:10-13). Треба да бидеме будни, да бидеме свесни дека тие настани, кои ќе го распарчат светот, можат да започнат секој момент (Мат. 24:44).

Будно следи ги настаните преку кои се исполнува знакот!

5. а) До кој степен Исусовиот одговор на прашањето запишано во Матеј 24:3 се однесувал на крајот на еврејскиот систем? б) Кои делови од неговиот одговор го свртуваат вниманието на настаните од 1914 н. е. па наваму?

5 Особено земајќи го предвид времето во кое живееме, треба да бидеме добро запознаени со поединостите на комбинираниот знак на „последните денови“, или „свршетокот на светот“. За точно да го прочитаме знакот, мораме да имаме на ум дека нешто од она што Исус го кажал како одговор на прашањето на неговите ученици во Матеј 24:3, се однесува на крајот на еврејскиот систем во првиот век, но главното исполнување настапило многу подоцна. Она што тој го опишал во стиховите од 4 до 22 се исполнило во мало помеѓу 33. и 70. н. е. Но пророштвото има главно исполнување во наше време и тоа го означува периодот од 1914 н. е. како време на Христовото ‚доаѓање и свршеток на светот‘. (Види и Марко 13:5-20 и Лука 21:8-24.) Матеј 24:23-28 ни кажува што ќе се случува од 70. н. е. па наваму, во времето на Христовата присутност. (Види и Марко 13:21-23.) Развојот на настаните опишани во Матеј од 24:29 до крајот на 25. поглавје, укажуваат на временскиот период од 1914 н. е. (Види и Марко 13:24-37 и Лука 21:25-36.)

6. а) Зошто треба лично да внимаваме на тоа како актуелните настани го исполнуваат „знакот“? б) Одговори на прашањата на крајот на овој пасус за да покажеш како се исполнил „знакот“ од 1914 наваму.

6 Ние лично мораме да внимаваме на актуелните настани кои претставуваат исполнување на „знакот“. Поврзувањето на тие настани со библиските пророштва ќе ни помогне да го држиме „цврсто во мислите“ Јеховиниот ден. Исто така ќе нѐ оспособи да бидеме уверливи кога ги предупредуваме другите за близината на „денот за одмазда на нашиот Бог“ (Иса. 61:1, 2). Имајќи ги на ум тие цели, разгледај ги следните аспекти на „знакот“.

На кој зачудувачки начин се исполнило пророштвото дека ќе се дигне „народ против народ, и царство против царство“, почнувајќи од 1914 н. е.? Што се случило во последниве месеци како исполнување на тоа пророштво?

До кој степен недостигот на храна влијаел на Земјата и покрај научните достигнувања на 20. век?

Дали навистина имало разлика во зачестеноста на земјотреси од едно место до друго од 1914 н. е. наваму?

Која болест во 1918 однела повеќе животи отколку светската војна? Кои болести сѐ уште се во епидемиски размери и покрај медицинскиот напредок?

Кој доказ го гледаш дека луѓето навистина умираат од страв, како што е проречено во Лука 21:26?

Што те уверува дека околностите кои се опишани во 2. Тимотеј 3:1-5 не се само начин на кој отсекогаш се живеело, туку дека тие се повеќе се влошуваат до шокантни размери додека се приближуваме кон завршетокот на последните денови?

Делење на луѓето

7. а) Кој друг настан, опишан во Матеј 13:36-43, Исус го поврзал со завршетокот на системот на ствари? б) Што значи таа споредба?

7 Постојат и други значајни настани кои Исус на истакнат начин ги поврзал со завршетокот на системот на ствари. Едно од нив е делењето на „синовите на царството“ од „синовите на лукавиот“. Исус зборувал за тоа во својата споредба за житното поле кое непријателот го посеал со премногу какол. „Житото“ во споредбата ги претставува вистинските помазани христијани, а „каколот“ — лажните христијани. Во завршетокот на системот на ствари „каколот“ — оние кои тврдат дека се христијани, а се покажуваат како ‚синови на лукавиот‘ зашто му се приврзани на светот чиј владар е Ѓаволот — се одвојуваат од „синовите на царството [на Бог]“ и обележани се за уништување (Мат. 13:36-43). Дали тоа навистина се случило?

8. а) Кое големо делење на сите оние кои тврделе дека се христијани се одиграло по I Светска војна? б) Како вистинските помазани христијани докажале дека навистина се „синовите на царството“?

8 После I Светска војна навистина дошло до големо делење на сите луѓе кои тврделе дека се христијани, при што се формирале две класи: 1) свештенството на т.н. христијанство и нивните следбеници, кои цврсто ја поддржувале Лигата на народите (сега Обединетите нации), додека истовремено цврсто се држеле за својот национализам; 2) релативно малиот број вистински, помазани христијани кои во тој повоен период му ја пружиле својата целосна поддршка на Божјето Месијанско Царство. Со тоа што отворено ги поддржувале владите на светот како средство за постигнување на мир и безбедност, припадниците на првата класа јасно покажале дека не биле вистински христијани (Јован 17:16). За разлика од нив, Јеховините слуги на исправен начин ја разоткриле Лигата на народите како современа „одвратна работа која предизвикува опустошување“ (NW), за што станува збор во Матеј 24:15. Покажувајќи се како вистински ‚синови на царството [на Бог]‘, тие го започнале проповедањето на „ова Евангелие за царството по целиот свет“ (Матеј 24:14). Со какви резултати?

9. Кој бил првиот резултат на активноста на сведочење за Царството?

9 Прво, се собирал остатокот на „избраници“, на духовно помазани христијани. Иако нашироко растурени по нациите, како спрема „четирите ветра“, тие биле доведени во организациско единство под ангелско водство (Мат. 24:31).

10. а) Како се извршува едно понатамошно дело на делење и во согласност со кое пророштво? б) Што означува исполнувањето на тие пророштва?

10 Потоа, како што претскажал Исус, почнал да ги дели луѓето од сите народи „како што овчарот ги одделува овците од козите“. Ова дело, што го води Исус од својот небесен престол, трае и ден-денеска, па те засега и тебе лично. Поголемиот дел од човештвото го презира Божјето Царство и неговите духовно помазани „синови“ и затоа ќе бидат предадени на „вечно отсечување“ (NW) во смрт. Меѓутоа, на другите Господ им ја упатува поканата да го наследат земското подрачје на неговото Царство, со изглед за вечен живот. Таквите луѓе слични на овци, се поврзале со помазаните ‚синови на царството‘, иако се предмети на сурово прогонство (Мат. 25:31-46). Тие лојално им помагаат да ја објават важната порака за Царството. Големо мноштво кое брои во милиони учествува на тоа дело. Пораката на Царството се слуша во сите краишта на Земјата. Што означуваат тие настани? Дека сме многу близу до крајот на „последните денови“ и дека „Јеховиниот ден“ е пред нас.

Што претстои?

11. Дали и понатаму треба да се врши делото на проповедање пред да стигне ‚Јеховиниот ден‘?

11 Дали сѐ уште постојат пророштва кои треба да се исполнат пред да започне големиот Јеховин ден кој влева стравопочитување? Да! Делењето на луѓето врз основа на спорното прашање за Царството сѐ уште не е завршено. Во некои области каде што со години постојат жестоки прогонства, сега обилно се жнеат нови ученици. Дури таму каде што луѓето ја одбиваат добрата вест, со нашето сведочење се поддржуваат Јеховината правда и милост. Затоа, напред со делото! Исус ни гарантира дека кога ќе се заврши тоа дело, „ќе дојде крајот“ (Мат. 24:14).

12. а) Кој важен настан допрва треба да се одигра како што е покажано во 1. Солунјаните 5:2, 3? б) Што ќе значи тоа за нас?

12 Едно друго многу важно библиско пророштво прорекува: „Оти, кога ќе речат: ‚Мир и безопасност!‘, тогаш ненадејно ќе ги стигне погибел, како што ја напаѓаат родилни маки секоја непразна жена, и нема да избегнат“ (1. Сол. 5:2, 3). Каков обем таа изјава на „мир и безопасност“ ќе достигне ни останува да видиме. Но секако, тоа нема да значи дека световните водачи вистински ги решиле проблемите на човештвото. Оние кои ‚цврсто во мислите го држат‘ Јеховиниот ден нема да бидат заведени од таа објава. Тие знаат дека веднаш потоа „ненадејно ќе ги стигне погибел“.

13. Кои настани ќе следат веднаш по објавата „мир и безопасност“, и по кој редослед?

13 Прво, како што покажува Библијата, политичките владетели во светски размери ќе се свртат против Големиот Вавилон, светското Царство на лажната религија, и ќе го уништат (Отк. 17:15, 16). Навистина вреди да се забележи дека уште сега се покажуваат непријателски ставови особено против религиите на т.н. христијанство. Владите кои имаат јаки антирелигиозни политики веќе вршат моќно влијание во Обединетите нации, а самата јавност во традиционално религиозните земји во голем број ја напушта религијата на своите прататковци. Што значи сето тоа? Дека е близу опустошувањето на целата лажна религија. Потоа, кога нациите со сета сила пркосно ќе се свртат против оние кои го поддржуваат Јеховиниот суверенитет, ќе се излие божествен гнев над политичките влади и оние кои ги поддржуваат, што ќе доведе до нивно потполно уништување. Конечно, самиот Сатана со неговите демони ќе биде фрлен во бездната, потполно спречен да влијае на човештвото. Тоа навистина ќе биде „Јеховин ден“, ден кога неговото име ќе биде возвишено (Езек. 38:18, 22, 23; Отк. 19:11–20:3).

14. Зошто би било неразумно да мислиме дека Јеховиниот ден е сѐ уште далеку?

14 Тој ќе дојде точно на време, според Божјиот план. Нема да задоцни (Авак. 2:3). Сети се дека уништувањето на Ерусалим во 70. н. е. дошло брзо, кога Евреите не го очекувале, кога мислеле дека опасноста веќе поминала. А што е со древниот Вавилон? Бил моќен, безбеден, утврден со масивни ѕидови. Но паднал во една ноќ. И така, ‚ненадеен погибел‘ ќе дојде над сегашниот злобен систем. Кога ќе дојде, тогаш нека бидеме обединети во вистинското обожавање, откако „цврсто во мислите“ сме го задржале Јеховиниот ден.

За повторување

● Зошто е важно да го имаме „цврсто во мислите“ Јеховиниот ден? Како можеме да успееме во тоа?

● Како на нас лично влијае делењето на луѓето што се одвива?

● Што претстои допрва пред да започне Јеховиниот ден? Затоа, што мораме ние лично да правиме?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели