Песна 8
Лојално да се подложиме на теократскиот ред
1. Денес ширум светот се разгласува
вест за Божје Царство, вредна вистина.
Редот теократски да го следиме,
здружени ко еден, лојални во сѐ.
(Рефрен)
2. Христос ни е Водач, сѐ надгледува;
војниците свои ги опремува.
Духовна е војна, да дејствуваме;
како група сложно се здружуваме.
(Рефрен)
3. Заедно сме сите водени од Бог,
преку духот негов и од „верен роб“.
Затоа сме јаки; Бог го славиме;
мудроста од него ја јавуваме!
(РЕФРЕН)
Подложност верна, сесрдна, спремна,
на Бог му должиме.
Тој нас нѐ штити, нежно нѐ љуби
— лојални на Бога сме.