Песна 13
Христијанско предание
1. Вселената Бог ја создал
со раце сопствени;
и Земјата и небото
се дела негови.
Животниот дух го дарил
на сѐ што живо е;
Тој достоен е за фалбите
и за обожавање.
2. На Синај Гората рекол
тој древен Израел:
,Јеховин закон послушно
во сѐ ќе следиме‘.
Ги откупил нив од „море“,
Бог сопруг нивни бил;
ко нација на посветени,
да бидат беспрекорни.
3. Во вода Исус се крстил
и правда исполнил;
да врши Божја волја
на Бог му се претставил.
Во Јордан кога се крстил,
со дух бил помажен
да служи тој верно, послушно,
ко Син Божји посветен.
4. Пред твојот престол, Јехова,
со радост стоиме
и понизни во срцата
ти се предаваме.
Единецот свој го даде,
нѐ откупи од грев.
Дал’ живи ил’ мртви ние сме,
на тебе припаѓаме.