Песна 14
„Веселете се, нации“!
1. Весели се со народ Божји!
Се ближи Царството.
На Сион Христос има престол;
ти запеј радосно!
А седум времиња се зад нас
и власт на народи.
Весели се со народ Божји!
Цар Исус зацари.
2. Весели се со народ Божји!
На злото има крај.
Се ближи Армагедон сега,
сѐ поблизу е, знај.
Дур луѓе служат на идоли,
Цар Божји не следат;
за Него радосни сме ние,
ќе владее без крај.
3. Весели се со народ Божји!
За Царство шири глас!
Вест добра пренеси на сите
и објави за спас.
Цар Христос владее со мудрост,
со љубов, праведност.
Весели се со народ Божји!
Ти служи му на Бог.