Песна 16
Бидете радосни поради надежта за Царството!
1. Со радост! Со радост!
За Царство надеж прифати!
Со радост! Со радост!
Се ближи Царството!
Ти Божја власт застапувај
со ревност исполнет.
И држи се за надежта,
покажи ја во сѐ.
Со радост! Со радост!
За Царство надеж разгласи!
Со радост! Со радост!
Се ближи Царството!
2. Полн среќа! Полн среќа!
Бог дава надеж — чувај ја!
Полн среќа! Полн среќа!
Кај Бога најди мир!
Ти биди цврст во надежта,
не срами се пред свет.
Не талкаш веќе в темнина,
од смрт си избавен.
Полн среќа! Полн среќа!
Бог темел е на надежта!
Полн среќа! Полн среќа!
Од замки бегај ти!
3. Пеј фалби! Пеј фалби!
Со надеж напред одиме!
Пеј фалби! Пеј фалби!
На Бог му служиме!
Полињата погледни ги!
За жетва време е.
А секој што е понизен
и плод ќе донесе.
Пеј фалби! Пеј фалби!
На Бога кој ни дава моќ!
Пеј фалби! Пеј фалби!
Беспрекорни да сме!