Песна 33
„Самиот Јехова стана Цар!“
(Псалм 97:1, NW)
1. Во мир фалете го Јехова
и објавете негови дела.
Весело пејте му, радосно свирете
и во склад со него бидете.
(Рефрен)
2. Нам тој спасение ни дава;
сегде кажи за негова слава.
Бог величествен, за фалби достоен е,
страв од него да негуваме.
(Рефрен)
3. На Бога подајте му слава
со благодарност за Синот негов.
И со свет украс на Бог поклонете се;
фалби пејте му восхитено.
(РЕФРЕН)
Нека радосни се небото, Земјата,
зашто стана Цар, Бог Јехова наш!
Нека радосни се небото, Земјата,
зашто стана Цар, Бог Јехова наш!