Песна 65
Состанување во единство
1. О, колку мила глетка
е кога браќата
навистина се љубат
и сложно работат!
Единство такво добива
од Бог благослови
што крепат, освежуваат
ко роси Хермонски.
2. За добри дела поттик
се состаноците,
за надежта на сите
да им кажуваме.
Па за нив добро секогаш
да сме подготвени.
Со тоа ќе сме повешти
ко објавители.
3. Јехова Бог е верен
а Речта сигурна;
со читање од неа
ни јакне надежта.
И никогаш состаноци
да не пропуштаме,
дур крајот се приближува
поредовни да сме.