Песна 84
Божјите големи и прекрасни дела
1. Боже Јехова, Семоќен,
ти имаш дела прекрасни!
Сонце и Земја, ѕвезден свод
од тебе се создадени.
2. Секој твој пат е праведен,
о Судијо, о Цару наш!
Слава ти носат творбите,
па прими фалба и од нас.
3. Кој не се плаши од тебе
за име да ти велича?
Вистинит си и лојален,
Бог Највишен во славата.
4. Твоите мудри одредби
за правда твоја говорат!
Нека се зберат народи
пред тебе да се поклонат.