Песна 87
Господовата вечера
1. Јехова наш небесен Татко,
да, ова е најсвета ноќ!
На оваа вечер се прослави Ти
со правда и љубов и моќ.
Пасхалното јагне се јало
за слобода од ропството.
Но со векови подоцна Христос го дал
својот живот, по пророштвото.
2. Па собрани сега сме ние
ко овци од пасиштето.
О, фала што Христос го испрати Ти,
Те славиме, Јехова Бог.
Пред нас има послана маса
со вино и бесквасен леб.
Тие симболи нѐ потсетуваат нас
каква храна, да, потребна е.
3. А лебот е Христово тело
положено за сите нас,
и чашата црвено вино — симбол
за крвта што нам ни е спас.
А овој ден цврсто во мисли
го чуваме засекогаш.
Ќе чекориме секој ден по Христов пат
за да примиме живот на дар.