Песна 111
Светлината станува сѐ посветла
1. Светлината од речта Божја свети,
сѐ повеќе ни светли дур се ближи ден.
Вистината ја открива Јехова
нѐ вика сега сите: ,Ајде, слушнете‘.
Не сме веќе в канџите на
лажната религија, па
слободни сме,
„ден Господов“ е.
Светлината ко сонце сјајно блеска.
Им дава на праведните Тој светлина, знај
Да, божествена.
2. Светлината Јехова Бог ја пушта
врз патот прав, со љубов, ја засилува.
Тој вистинско разбирање ни дава
и народот свој така го обликува.
Дури сме со грешно тело
некогаш ќе скршнеме, но
вистината
е сѐ посветла.
Сакајќи Бог нам помош да ни даде,
ја праќа таа славна светлина, блескава,
да, најблескава.
3. Светлината на патот силно сјае,
ко сончев зрак на пладне — јасна небесна.
Без страв да сме, Бог патот наш го води,
Тој светлина ќе прати; Бог е светлина.
Сомнежи во нас да нема
ниту грижа, пак, да има.
Продолжете
по пат праведен.
Светлината сѐ посветла е сега,
за радост на праведните е светлината
на вистината.