Песна 116
„Морате да им помагате на оние кои се слаби“
1. Сите ние слабости
поседуваме,
сепак Бог нѐ сака нас
и со маните.
Тој е милосрден,
за фалби достоен.
Да го имитираме,
да помагаме.
2. Слаби да не судиме,
но да сфатиме:
Многу ќе постигнеме
љубезни штом сме.
Да се напрегаме,
да ги охрабриме
— утеха ќе добијат,
поддршка во сѐ.
3. ,Кој е слаб, а не и јас?‘
Павле нагласил.
Да сме спрема ближните
сочувствителни.
Вие посилните,
слаби поддржете.
Преку крвта Христова
се откупени.
4. Речта јасно кажува:
,Слаби помагај‘.
Благослов донесува
а и награда.
На Бога слуги се
да им помогнеме,
сите силни за да сме
Бог ќе е со нас.