Песна 125
„Јехова е на мојата страна“
(Псалм 118:6 NW)
1. Со цела душа, лојално
му служам на Јехова.
По патот негов сакам јас
засекогаш да одам.
Во животот ќе дојдат деној
многу мачни, тешки.
Но, Бог на моја страна е
со љубовта ме плени.
(Рефрен)
2. На испит ми е верата
во вакви деној тешки.
Се збира мноштво ѓаволско
ко рој од лути пчели.
Но, можам да го одбијам
со помош од Јехова.
Кој носи име негово,
тој наклоност ќе има.
(Рефрен)
3. Јехова дава благослов
на својот избран народ.
Па мнозина се збираат
и следат Божји закон.
Ги крепи Бог Јехова сите
верно што му служат.
Ко нив и јас сум ревносен
неизмерно, од душа.
(РЕФРЕН)
Јехова Бог засекогаш
на мојата страна ќе биде.