Песна 159
Нашиот посед — мирот
1. Нема мир безбожникот,
цел свет сатански,
ниту оној којшто е
лош и горделив.
Мирот Божји извира
преку Исуса
доаѓа до луѓето
што веруваат.
2. Бога да го фалите,
праведен е Тој.
Ќе ја сопре војната,
сосем сигурно.
Христос Кнез на Мирот е,
кротки милува.
Мир ним ќе им подари
по победата.
3. Злобни зборој, себичност
сме напуштиле.
Мечеви во плугови
сме прековале.
Мирот за да остане
да простуваме.
В љубов да живееме
и работиме.
4. Како плод на правдата,
мир негуваме.
Доказ е за мудроста
што ја бараме.
Патот наш мирољубив
е препорака,
дур ден дојде совршен
— да осветлува.