Песна 163
Плодовите на духот
1. Плодовите на духот Божји
постојано ги твориме.
Чест да му донесеме ние,
па живот ќе добиеме.
Покажувај затоа љубов;
дар божествен е љубовта.
Настојувај, сочувај радост,
бидејќи во сѐ помага.
2. За единство кај нас да има,
мир треба да негуваме,
и долготрпеливост треба
во сѐ да покажуваме.
За поспремно секој да слуша,
љубезноста е потребна;
да делиме радост со сите,
добротата поттикнува.
3. А верата храброст ни дава
за поцврсти ние да сме;
и благоста, колку е добра,
ги смирува судирите.
А совладувањето наше
ко лек служи за кавгите.
Да стекнеме милост кај Бога,
се потребни плодовите.