Песна 171
Песна на победата
1. Пеј на Јехова, се возвиши со голема слава.
Ги потопи в море коњот и коњаникот.
Моќ, сила е моја Јах, спасение вечно мое.
Тој е мој Бог; ќе го прославам јас.
Фараонот сосе цела моќна војска морето ги проголта.
Јехова твојта десница, Боже, силата ја покажа.
2. Израел пеел на Бог кога тој сам нив ги спасил.
И победи слични ние денес гледаме.
А Христос е сега Цар, сатанскиот зол свет тоне,
се ближи спас, радост за сите нас!
А на Земја долу Сатана е фрлен, сите злобни ангели.
И мракот за нас скоро ќе мине. Јагнето ќе победи.
3. Фали го Бога! Чест, моќ, слава му припаѓа нему.
За конечен удар стои Царот подготвен.
Да пееме на сет глас на Јагнето и на Бога.
Среќни сме што живи денеска сме.
Од Јехова Бог и Господ Исус Христос спасот наш го чекаме.
Со фалба, во победничка песна ќе му благодариме!