Песна 173
Љубовта — совршена врска на единството
1. Оладена е љубовта
— па, крајот е на праг.
Но, ние ја негуваме
и не сме веќе в мрак.
Бог да го имитираме,
кај сите одиме
за Божја љубов сесрдна
да им соопштиме.
2. И љубов нелицемерна,
ај да негуваме,
па љубов силна, искрена
да покажуваме.
И срцата на браќата
да ги достигнеме.
Бог кого љуби — љубиме,
што треба — даваме.
3. Дур овој свет се распаѓа,
нѐ држи љубовта.
Ко врска цврста тоа е
нѐ обединува.
А нежна, чиста наклоност
за сите важна е.
Со браќа се зближуваме
во служба кога сме.
4. Со Бога добри односи
во време тегобно
се помош да го љубиме
ко себе другиот.
Да биде силна љубовта
во сета искреност.
Да, врска нераскинлива
за тоа единство.