Песна 174
Останете будни, стојте цврсто, бидете јаки
1. Бдејте, стојте цврсти, јаки,
војната е праведна.
Само напред машки, храбро,ѐ
близу е победата.
Христос Гедеон е поголем;
Мадијам го обиколивме.
Борбен повик чекаме сега;
дојде крај на злобата.
2. Бдејте, секогаш со разум,
спремно послушни да сте.
Секој нека слуша добро,
Исус е наш Учител.
За нас пример тој е прекрасен,
како наклоност да стекнеме.
Заедно служејќи ко војска,
лојални на Бога сме.
3. Бдејте стрпливо и спремно,
на Јехова чекајќи.
Владее над сите творби,
нема тој да задоцни.
Како Гедеон тристотини,
заповедникот нѐ предводи.
Налог негов слушајте сега
за Бог да се прослави.
4. Бдејте, стојте во единство,
добра вест дур браните,
и на теократско водство
треба да внимавате.
„Меч Јеховин, Гедеонов меч“,
сите верни да воскликнеме.
Бдејте, стојте цврсти и јаки;
до крај да истраеме!