Песна 192
Да се објавува вистината за Царството
1. Во темнина живеевме,
за патот прав не знаевме.
Но, Бог ни прати светлина
— за Царството вистината.
2. Да бидеме во службата,
за нас е предност голема.
Со тоа Бог го фалиме
за Него разгласуваме.
3. На сите им сведочиме
на улица, по куќите.
Вистината е корисна,
на секого му помага.
4. И додека се стремиме
од себе сѐ да даваме,
да служиме во единство
дур рече Бог: Да, готово!